- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Tous ја слави својата 100-годишнина со LoveMe, парфем што ја отсликува модерната жена.

Мече, икона на брендот!

Rosa Tous вели дека кога и да зборува за брендот Tous, сите нејзини мисли се насочени кон обликот на тоа мече. Сепак, тоа е совршен амбасадор на оваа куќа за накит, икона која го надминува хоризонтот и се вовлекува во срцето. Токму затоа е креиран новиот парфем LoveMe. Без сомнеж, мечето е икона на брендот и симбол на она што најмногу се сака.

Зад изработката на секое парче накит стојат милион секунди дизајн и изработка. Начинот на изработка на накитот е  применет и при изработката на ова шишенце.

tous bear

- Реклама -

Oliver Cresp го потпишува парфемот LoveMe

Двата процеса имаат нешто заедничко: вниманието кое Tous го посветува на деталите и истакнува дека само искуството од напорната, долгогодишна работа може да се изнесе на ваков начин. При креирање на парфемот, воспоставена е соработка со Oliver Cresp, еден од најголемите парфимери во светот на мирисната индустрија.

Тој вели дека отсекогаш бил заинтригиран што се случува кога се два универзуми во судир, а токму тоа се случило при креирање на парфемот LoveMe. Тоа е парфем што е креиран како парче накит и е одраз на неговата долгогодишна соработка со куќата Tous.

Сакам цветни парфеми, но не можам да заборавам дека LoveMe е парфем со повеќе лица: во исто време нежен и динамичен, лесен и интензивен. Парфем што ја отсликува модерната жена“ – вели Oliver Cresp.

Токму Oliver Cresp го потпишува парфемот LoveMe. Никој не е како него. Тој е единствен од најголемите парфимери на светот, кој воедно го креирал и Tous Eau de Toilette, првиот парфем во рамките на куќата Tous, кој го однесе брендот во парфемската историја.

LoveMe претставува прослава на стогодишнината на брендот Tous. Затоа беше разумно да се креира парфем што ќе биде икона што потсетува на парче префинет накит и ја слави неверојатната жена“.

bottled

Кедар, кашмир, божур, роза, јасмин…

Основни тонови се обележани со кедар, нота на кашмир и дабов мов. Во средните ноти доминираат ливчиња од божур, роза и јасмин, додека топ нотите се сочинети од розе цитрон и розе бибер со потпис на овошјето личи.

Tous Lovers

Парфемот ве менува и обликува во искрени обожаватели на брендот Tous

LoveMe е икона претворена во амблем, мешавина од легенда и свежина, покана да се биде смел и елегантен. Нема ништо поделикатно од овој парфем. Ќе видите како парфемот полека ве менува и обликува во искрени обожаватели на брендот Tous – Tous Lovers.

LoveMe