- Реклама -

Нова Omnia секогаш е задоволство за сите сетила! Особено ако се работи за десетто јубилејно издание на оваа популарна мирисна линија, мирис инспириран од светло жолтиот полу-драг камен citrine, симбол на леснотија, светлина и оптимизам. Новиот мирис Bvlgari Omnia Golden Citrine најавен e како соларно цветен мирис со клучни егзотични нијанси на ylang-ylang во срцето на мирисот.

Мирис потпишан од мастер парфимерот Alberto Morillas!

Композицијата на Omnia Golden Citrine вклучува мирисна и сочна сицилијанска мандарина и кадифени нијанси на бела праска во отворањето на композицијата, која со своите оптимистички сокови доведува до цветно јадро на ylang-ylang и соларни акорди на јасмин. Смола од бензоин и есенција на кедар ја карактеризираат основата на мирисот што се загрева со топлина на сончеви зраци, смирувачки и нежно. Мирисната композиција е потпишана од мастер парфимерот Alberto Morillas.

#OMNIALANDIA колекција!

Покрај ограниченото издание Omnia Golden Citrine, Bvlgari претстави неколку изданија на Omnia во специјално пакување под #OMNIALANDIA колекција. Со ограничените omnialandia пакувања ќе бидат опфатени мирисните верзии на Omnia Crystalline, Omnia Golden Citrine, Omnia Coral, Omnia Pink Sapphire и Omnia Amethyste.

- Реклама -

Bvlgari Omnia Golden Citrine е достапен во 40 и 65 мл, како Eau de Toilette.

- Реклама -