- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали понекогаш се прашувате како можевме да живееме без бјути блендерот? Скромен, едноставен и толку моќен, апликаторот од сунѓер внесе револуција во индустријата за убавина, а поради лесната употреба ги засени сите свои претходници, од традиционалните сунѓери до четки. Неговата форма на јајце е идеална за нанесување на течна шминка – прајмер, пудра, коректор, сенка, руменило, хајлајтер, бронзер… Беспрекорно и рамномерно го распределува мејкап производот на лицето давајќи му најприроден изглед, а совршено се покажа за нанесување на производи во прав, особено пудра и фиксатор.

Нема магија ако не е добро навлажнет!

Правилата се јасни – натопете го сунѓерот во млака вода, исцедете го вишокот на течност и потоа натопете го во производот што сакате да го користите.

Бјути блендерот не треба да биде сув, бидејќи во тој случај ќе апсорбира премногу пудра или друга течна шминка и нема да може рамномерно да се распредели на лицето. За да го задржите доволно влажен, чувајте сад со вода или спреј кој ќе ви помогне да го „освежите“. Сувиот бјути блендер е одличен за поправање на грешки кога сте нанеле премногу руменило или бронзер.

- Реклама -

Не ставајте го производот директно на сунѓерот!

Ако пудрата директно ја нанесете врз сунѓерот, само еден дел од апликаторот ќе го апсорбира производот и нема да може рамномерно да го распореди низ лицето. Бојата ќе биде неизедначена и ќе остави траги како со четка. Наместо тоа, пудрата нанесете ја на рака или со прсти распределете ја околу лицето со вид на точки, а потоа започнете со блендирање. Лесно тапкање ќе допринесе за што е можно поприроден финиш. Пакувањата на некои производители на блендери содржат мали, заоблени прегради каде што можете да нанесете пудра, за да не мора да ги валкате рацете.

Количината на вода ја одредува покривноста!

Од количината на вода што ќе остане во сунѓерот после цедењето исклучиво зависи каков изглед сакате да постигнете. За лесен, природен финиш сунѓерот треба да биде повеќе влажен, додека за интензивно или поцелосно покривање се претпочита да биде посув.

Редовно миење и правилно чување!

Поради остатоците од шминка, нечистотија и мртви клетки од кожата, вашиот магичен сунѓер може да стане вистинско легло на бактерии! Неопходно е да го измиете темелно после секоја употреба (анти-бактериски сапун или благ шампон) и уште поважно, оставете го добро да се исуши!

Никогаш не оставајте го влажен, затоа што без воздух и светлина ќе мириса непријатно. Чувајте го на суво место, по можност во затворена кутија за да не собира прашина.