По повод десетгодишнината на мирисот Diesel Only The Brave, а во чест на популарноста на истоимената линија, Diesel лансира нов мирис – Diesel Spirit Of The Brave, кој е креиран во соработка со популарниот фудбалер Neymar Jr.
Neymar Jr – рекламно лице и амбасадор!
Покрај тоа што учествуваше во креирањето и изборот на композицијата, Neymar Jr се појавува како рекламно лице за новата кампања, а воедно претставен е како амбасадор на мирисот.
Тетоважата на Neymar Jr е искористена како декорација на шишенцето!
Diesel Spirit Of The Brave е најновото мирисно издание на Only The Brave од 2009 година. Мирисот доаѓа во шишенце со иста форма како и претходните изданија, во форма на стегната тупаница, но овој пат во црна боја со златни детали. Исцртана е тетоважа од лав, каква што има Neymar на својата рака.
Поврзаноста со новото издание се гледа и во броевите, Neymar da Silva Santos Jr веќе 10 години се бави со професионален фудбал, а Diesel ја слави десетгодишнината од лансирањето на Only The Brave мирисната линија.
Од брендот Diesel истакнуваат дека не го ангажирале Neymar само како рекламно лице и амбасадор на мирисот, славниот фудбалер активно учествувал во создавањето на композицијата на мирисот, а неговата тетоважа на раката е искористена како декорација на шишенцето.
Сакав да биде предизвикувачки мирис!
„Сакав Spirit Of The Brave да биде предизвикувачки мирис. Неговата композиција воедно да биде свежа и елегантна, да успее да ми даде сила и доверба кој ми се потребни во секој момент во животот. Што се однесува до пакувањето сакав да поседува сила, но и софистицираност. Сакавме да ја раскажеме мојата приказна преку тетоважата. Секоја од моите тетоважи е направена со причина и раскажува за мојот живот или за некоја фаза од мојот живот“ – објаснува Neymar.
Свежа и елегантна мирисна композиција!
Композицијата на мирисот е заснована на свежиот почетокот на бергамот и галбанум, околу кои се развиваат ароматични-дрвенести акорди на чемпрес и ела, натопени во смолеста бадемова мешавина на labdanum и тонка зрно.
Најновото издание на Diesel Spirit Of The Brave е достапно во шишенца од 35, 50 и 75 мл, како Eau de Toilette.