Можеби сте помислиле дека по еден век развој и усовршување, пудрата за лице би била совршена, но не е! Секој месец се лансираат нови пудри со уште подобри формули. На овој тренд се приклучи и брендот Dior со лансирање на сосема нов производ за шминкање, наречен Face & Body Powder-No-Powder, за создавање на совршена основа. Пудрата е осмислена од креативниот директор на Dior Make Up, Peter Philips. Достапна е во различни нијанси за да одговара на различните тонови на кожа.
Пудрата е мејкап производ без кој тешко можеме да го замислиме нашето секојдневие, дури и ако не се шминкаме секој ден. Но, понекогаш пудрата може да остави видлива завршница на кожата, а тоа никој не го посакува. Затоа, од Dior создадоа поинаква, модерна текстура која дава нова сензација и нов резултат.
Powder-No-Powder за лесен и воздушест изглед без шминка!
Face & Body Powder-No-Powder има лесна текстура, ги замаглува несовршеностите, го зацврстува тенот и го одржува духот на изгледот на шминката како без шминка, со блескав, но мат финиш што одговара на духот на Dior Backstage линијата. Powder-No-Powder има транспарентна гел база и содржи пигменти со мек фокус кои веднаш го матираат тенот. Покрај тоа, нејзините бисерни микрочестички помагаат да се создаде природно сјаен изглед, додека формулата ја остава вашата кожа со мат изглед во текот на целиот ден.
Како се користи?
Може да се користи самостојно, како бронзер или во комбинација со Face & Body Foundation течната пудра. Доколку сакате беспрекорен изглед што ќе трае цел ден, користете прајмер, течна пудра, а потоа Powder-No-Powder во соодветна нијанса на целото лице за да ја фиксирате пудрата. За контурирање изберете малку потемна нијанса од вообичаеното, нанесете ја под образите за да ги потенцирате. Пудрата со нежни движења можете да ја нанесете и на образите за природен бронзен изглед. Но, ако сакате да ја користите самостојно, изберете нијанса што одговара на вашиот тен и користете ја сама, без никаква друга пудра. На овој начин ќе постигнете изглед на природно убава кожа. Ова е за оние денови кога не сакате да ја чувствувате вашата шминка на лицето, а сепак сакате да изгледате малку посвежо.