- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Bad Boy – топол, балсамичен и зачински мирис со зависна нота на какао кој беше претставен во 2019 година како совршен придружник на женската Good Girl мирисна креација, која стана најпопуларна парфемска линија на брендот Carolina Herrera – го доби првиот наследник наречен Bad Boy Le Parfum. Се работи за потемна и поинтензивна креација, ако ја споредиме со оригиналното издание задржувајќи го допирот на црниот бибер како клучна ноти на композицијата.

Лошото момче избира акорд на канабис!

Најновиот Bad Boy Le Parfum мирис го рефлектира новиот изглед и карактерот на лошото момче избирајќи акорд на канабис, кожа и зачинети нијанси на бибер, илустрирано преку мирис од парфимерите кои го создадоа – Bruno Jovanovic, Fanny Bal и Nicolas Beaulieu.

После успехот со Bad Boy, ова ново издание е отстапување од традиционалните формули, отворање на нов миризлив универзум заснован на двојната природа на современиот човек. Силен и осетлив, моќен и сочувствителен, херојски и ранлив – мажот Bad Boy не е лесно да се етикетира. Тој ги крши правилата само за да создаде свои и нагласено ги изразува и брани своите верувања. Тој е бунтовник со цел, знае дека пркосот и провокацијата не се неспоиви со емпатијата.

- Реклама -

За концептот на мирисот и неговата композиција!

Кога Bad Boy Le Parfum прв пат ја допира кожата, примарното чувство е моментален наплив на енергија. Тоа е благодарение на интимниот разговор на грејпфрут – најразигранииот цитрус и заслепувачкиот смел акорд на канабис. Парфимерите сакаа да се држат настрана од клишето за психоактивното користење на канабисот и да ги истакнат неговите зелени аспекти. Резултатот е високонапонско мирисно искуство што е сосема ново кај модерните мириси, смело отелотворувајќи го Bad Boy Le Parfum со премисата дека правилата се прекршени.

После овој одлучувачки прв бран, нотите на срцето откриваат совршена хармонија на црн бибер и здравец. Биберот е ароматичен и зачинет, палаво покажувајќи дека силните емоции продолжуваат и после првичниот удар. Тука коегзистира со листот од здравец – цветна и мажествена нота која беше истакнат дел од Carolina Herrera For Men, првиот мирис за мажи од брендот кој беше лансиран во 1991 година. Така минатото и иднината се спојуваат со повторно откривање на Carolina Herrera мажот – добронамерно лошо момче.

Кога мирисот останува на кожата подолго време, нотите во основата што се појавуваат го откриваат последното изненадување и намерите на мирисот. Ова не е изненадувачки, бидејќи важноста на парфемската вода лежи во нејзиниот првичен впечаток, но исто така и на начинот на развивање на формулата после првите впечатоци на кожата. Напредокот доведува до кожните акорди прилепени на кожата како амајлија. Влезете во мајсторијата на парфимерите Bruno Jovanovic, Fanny Bal и Nicolas Beaulieu, кои успеаја да развијат дрзок и секси кожен акорд, кој ги здружува снагите со ветивер – карактеристична, но непредвидлива дрвенеста нота на класичната машка парфимерија. Ветиверот овде исполнува двојна функција, ја прави композицијата многу погодна за носење и им дава можност на мажите да внесат доза на карактер во нивниот стил, притоа задржувајќи егзотично и хедонистичко чувство за патување.

Bad Boy молња!

Шишето на новата креација Bad Boy Le Parfum, има иста форма на молња како и оригиналната верзија на Bad Boy. Целосно црно шише со дискретно лого во боја на злато.

Мирисот е достапен во шишиња од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.