Dior Capture Totale серум за лице!
Истражувањата откриле дека само една матична клетка може да ја регенерира целата кожа благодарение на својата способност да се подели. За разлика од другите клетки во организмот, матичните клетки можат да се удвојат бесконечно многу пати, откривајќи го исклучителниот потенцијал на кожата за регенерирање. Токму оваа карактеристика на матичните клетки реши да ја искористи брендот Dior во својот нов Dior Capture Totale C.E.L.L. Energy Super Potent серум во борбата против знаците на стареење на кожата на сосема ново ниво.
Нов серум од Dior што ќе сакате да го пробате!
Овој волшебен Super Potent серум создаден е благодарение на научниците од ботаничките градини на Dior. Во 1967 година, научниците ги создадоа првите производи на брендот Dior за нега на кожата направени од цвеќиња. Привлечени од бескрајната моќ на цвеќето создадоа производи за нега на кожа и одржување на кожата младешка и мазна. Dior Floral Science успешно ја декодира природната моќ на четири исклучителни цветови за да ја оживее зрелата кожа и да ја обезбеди многу потребната енергија. Dior Super Potent серумот сочинува дури 91 процент состојки со природно потекло.
Наследниците на оваа традиција, ботаничарите и научниците од Dior, ја бараат извонредната козметичка моќ на овие неверојатно фасцинантни растенија. По 450 милиони години природна селекција на цветовите, денес претставуваат бесконечен извор на еластичност и регенерација.
Серум за борба против знаците на стареење на кожата!
По само седум дена од употреба на Dior Super Potent серумот, кожата е видливо измазнета, цврста, тонирана, рамномерна и зрачи со здрав изглед. По еден месец, овие резултати стануваат трајни. Според истражувањата на Dior, 98 проценти од жените потврдија дека нивната кожа е помазна по користењето на серумот, 93 проценти се согласија дека кожата изгледа поцврста, додека 97% изјавиле дека кожата по користењето на серумот Dior им изгледала пополна и помека. За најдобри резултати и видливо помлада кожа, нанесете Super Potent серум наутро и навечер на исчистена кожа.
Магија која ќе биде достапна и за вас!
Денес можете да се радувате на новиот Capture Totale C.E.L.L. Energy Super Potent серум од лабораториите на Dior затоа што неговата магија ќе биде достапна и за вас.