- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Популарниот цветно-овошен и гурмански мирис Bonbon на брендот Viktor&Rolf промовиран во 2014 година доби поконцентрирано издание кое припаѓа на истоимената колекција. Мирисот Bonbon сега доаѓа како Extreme Pure Parfume издание кое заведува со опојниот состав на оригиналот, но дополнително интензивиран со карамела и масло од цвет од портокал.

Цветни акорди прелиени со слатка карамела!

Во отворањето на мирисната композиција доминира сочната праска и мандарина комбинирана со масло од нероли. Во срцето доминираат цветни акорди од јасмин и цветови од портокал прелиени со слатка, интензивна карамела. Основата комбинира сандалово дрво, пачули и ванила кои ја интензивираат топлината и интензитетот на мирисот.

Мирисот Bonbon Extreme Pure Parfume е достапен во шишиња од 50 мл.

- Реклама -