Уште една од сестрите Kardashian/Jenner лансира своја парфемска линија под брендот на Kim Kardashian KKW Fragrance. Супермоделот од славните сестри – Kendall Jenner претстави три нови мириси наречени – Amber, Olive и Blue Roan, инспирирани од љубовта кон природата и коњите. Во последните неколку години брендот KKW Fragrance на Kim Kardashian соработуваше со сестрите Kourtney, Kylie, Khloe и мајка и Kris.

Kim и јас креиравме три прекрасни мириси кои ми се најомилени од сите што досега сум ги помирисала. Можете да ги набавите ако сакате да мирисате како принцеза на природата“, напиша Kendall Jenner на својот Инстаграм профил.

Овие парфеми се многу поразлични од сите мириси што досега ги создадовме за KKW Fragrance. Со Kendall создадовме сосема различни мириси од моите. Тие се толку раскошни и богати! Секој што ќе ги мирисне ќе стане зависен од нив!“, сподели Kim на социјалните мрежи.

- Реклама -

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KKW FRAGRANCE (@kkwfragrance)

Amber

Се отвора со инспирирана мешавина од свеж италијански бергамот и сочна зелена мандарина, обвиткани со природен розов бибер. Срцето е составено од скапоцените ароми на ylang ylang, бела роза и јасмин, а во основата на мирисот доминираат дрвото од кедар и сандаловина и тонка зрно.

Olive

Овој мирис се отвора со блескав италијански бергамот, потопен во кристално чист базен со свежа вода исполент со ливчиња од роза. Во срцето доминира мешавина од елегантни бели цветови од роза и јасмин. Опивачкиот пачули околу длабоките ноти на ветиверот формираат потпис што е универзално уникатен.

Blue Roan

Отворањето е со кристално чисти морски води преполни со цитруси и сочна бела праска. Деликатните цветови на круша наидуваат на свеж раб на масло од здравец и соларна аура на ylang ylang во срцето на парфемот. Мирисот се развива откривајќи сензуални шуми испреплетени со нијанси на златен килибар, мошус и зависноста на едноставната чиста ванила.

Достапни на официјалната страна!

Мирисите од колекцијата Kendall by KKW Fragrance – Amber, Olive и Blue Roan се достапни во шишенца од 30 мл, како Eau de Parfum. Можете да набавите сет од сите три мириси на официјалната веб-страница kkwfragrance.com

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име