- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Брендот Viktor&Rolf презентира нова, поинтензивна верзија на Spicebomb Night Vision изданието како парфемска вода со ориентална композиција. Eau de Parfum изданието во парфимериите се појавува една година после Spicebomb Night Vision тоалетната вода. Новата креација го наследува ДНК кодот од мирисната колекција Spicebomb, во комбинација на микс од зачини и смоли нагласени со јаткасти плодови.

Побогата и поинтензивна свежина и мешавина на темни и љути зачини!

Како што е најавено од брендот Viktor&Rolf, Spicebomb Night Vision Eau de Parfum ветува подлабока, побогата и поинтензивна свежина, мешавина на темни и љути зачини, разиграни со интензивно зеленило.

Микс од зачини и смоли нагласени со јаткасти плодови!

На отворањето на композицијата Spicebomb Night Vision Eau De Parfum, цитрусите се комбинираат со чили пиперче, црн бибер, морско оревче, каранфилче и кардамон. Свежината е обезбедена од зеленото јаболко. Во срцето на мирисната композиција доминира ароматичен сојуз на жалфија, лаванда, рузмарин и пеперминт, спротивставени со мастика и коријандер, додека мажествената топлина ја даваат дрвенестите ноти и топлите смоли во основата на мирисот, нијансирани со ореви и фстаци.

- Реклама -

Темно стакло во контраст со светло зелени детали!

Шишето на новиот мирис го краси темно стакло во контраст на светло зелени детали. Spicebomb Night Vision Eau de Parfum е достапен во шишиња од 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.