Fenty Beauty, Anastasia Beverly Hills, Tarte Cosmetics, Too Faced, Urban Decay… Ниту еден од овие светски брендови сè уште не е пристигнат во Македонија. Индустријата за убавина никогаш не била помоќна, а одредени „high end“ мејкап производи се здобиле со култен статус само врз основа на нивната популарност на социјалните мрежи. „High end“ или високата декоративна козметика ве освојува со елегантните пакувања, а потоа и со самата формула, но на жалост сето тоа по прилично високи цени! Но, колку од вас би можеле да си дозволат луксузни мејкап производи во својот козметички несесер?
Dupe Beauty!
Од желбата да се даде признание на мејкап производите со прифатливи цени кои можат да се најдат во секоја парфимерија и кои го заслужуваат квалитетот и перформансите, пред неколку години беше создадена нова мејкап филозофија, позната како „dupe“.
„Dupe“ во контекст на мејкап производите значи дупликат, односно поевтина копија или верзија на луксузен мејкап производ, кој не е само ценовно подостапен од оригиналот, туку е подеднакво ефикасен. Овие алтернативни мејкап производи се предмет на обожавање, бидејќи многу жени се заинтересирани за тоа како да заштедат пари, а истовремено да купат докажано добри мејкап производи. Причината зошто некои производи од високата декоративна козметика и производите што можат да се најдат во секоја парфимерија се скоро или целосно идентични, треба да се бара во фактот што многу брендови за убавина се во сопственост на исти корпорации, се произведуваат во исти фабрики и на крајот резултираат со исти формули и идентични состојки.
Најпопуларни „dupe“ производи!
За вас издвоив некои од најбараните, поевтини дупликати на луксузните мејкап производи.