- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Откријте ги боите инспирирани од Париз и Маракеш, градови вкоренети во наследството на модниот бренд YSL Beauty во најновите YSL Couture Color Clutch палети со сенки. Тоа се две палети на сенки за очи кои се облечени во шеврон дезен со ефект на кожа. Исклучително возбудлива, палетата содржи избор од десет пигментирани бои во бескомпромисно пакување како мала ташна. Овие две палети претставуваат игра на екстремно пигментирани текстури, од сатенски до светкави, со метал и мат ефект. Палетите носат неочекувана хармонија на бои и се неисцрпен извор на комбинации за изразит мејкап изглед. Поиграјте со боите и создадете зачудувачки изглед!

YSL Couture Colour Clutch палета инспирирана од Париз!

Домот на брендот YSL Beauty, градот на светлината, има исклучително влијание врз сите минувачи низ неговите блескави улици. Во чест на градот Париз, создадени се десет нијанси на сенки – металик сребренa, бакарна, бронзенa, сатенска розова, впечатливa жолта нијанса, мат виолетова и интензивна црна боја. Сребрената, бакарната и жолтата нијанса на левата страна од палетата светат како Ајфеловата кула.

Варијација на четирите розови нијанси, од нежна беж розова до темна розова на десната страна на палетата, се инспирирани од боите што може да се видат на зградата Pierre de taille и небото над зградите на булеварот Haussmann за време на романтичното зајдисонце во Париз. Виолетовата боја во средината на палетата доаѓа од првата есенска мејкап колекција на YSL, наречена Yconic Purple, во комбинација со бескомпромисната и интензивна црна боја. Дали се осмелувате да ги испробате бесконечните комбинации?

- Реклама -

YSL Couture Colour Clutch палета инспирирана од Маракеш!

Одразувајќи уникатна комбинација на интензивност и топлина, левата страна од Маракеш палетата потсетува на Majorelle градините, а тоа е свет на небесно сини и тиркизни нијанси. Од друга страна, десната страна на палетата ја покажува топлината на пазарите за зачини, со килибарна, портокалова и розова боја. Во средината се наоѓа темно сива и бела боја за да се потенцира мејкап изгледот и да се направи поинтензивен. Нијансите и текстурите на оваа палета носат неисцрпен извор на комбинации на бои за волшебен, софистициран или драматичен мејкап изглед. Комбинирајте металик со сатенски блескави бои и мат со сјајни бои или одлучете се за впечатливи и екстремни бои за најсмел мејкап изглед.

Clutch Look најновите палети!

Кул палетите можете да ги носите секаде со вас. Палетите се наменети за жени кои сакаат да ги имаат своите омилени сенки при раце. Ефектот на шеврон дезенот и кутијата облечена во кожа со легендарното златно лого, претставуваат исклучителна елеганција што секоја жена посакува да ја носи со себе.