Луксузната колекција Re-Nutriv на брендот Estee Lauder ја открива тајната на вечната младост и на жените им нуди можност да го исполнат својот живот со извонредна убавина. Колекцијата содржи производи за нега на кожа, создадени од комбинација на – богата формула, посебна технологија и мешавина на моќни хранливи состојки кои на вашата кожа ќе и пружат луксуз и оружје против идните знаци на стареење.
Дел од колекцијата Re-Nutriv е извонредната Ultimate Diamond линија производи кои содржат уникатна и луксузна формула со скапоцен екстракт од црниот дијамант тартуф – едно од најретките богатства на природата трансформирано преку специјален процес во чист, енергетски еликсир за вашата кожа. Процесот на трансформација на дијамантот трае 10,000 часа.
Откријте го значењето на совршениот изглед во два чекора! Ultimate Diamond Revitalizing Mask Noir
Посакувате ултра мазна, сјајна кожа? Препуштете се и дозволете им на моќните состојки на Ultimate Diamond Revitalizing Mask Noir да делуваат и од вашата кожа да направат ремек дело. Започнете со свиленкастата четкичка која има намена да ја ре-енергизира микро-циркулацијата. Потоа, нанесете ја маската која нежно го прочистува лицето, воедно го негува и ревитализира. Маската е создадена со комбинирање на концентрирано ниво од ексклузивниот екстракт од црн тартуф и мешавина на богати состојки со посебна технологија кои ја прават кожата инстантно посветла, помазна и свиленкасто мека на допир.
Трансформацијата започнува инстантно! Ultimate Diamond Transformative Energy Creme
Крема со интензивно дејство која ве носи во свет исполнет со луксуз. Трансформацијата започнува инстантно, а вашата кожа зрачи со виталност и енергија. Природниот колаген се збогатува, кожата изгледа сјајно и вие се чувствувате свежо и помладо.
Ги намалува темните кругови околу очите! Ultimate Diamond Transformative Energy Eye Creme
Со само едно нанесување од оваа интензивно богата, но лесна крема, започнува трансформацијата. Енергичната формула со скапоцен екстракт од црниот дијамант тартуф ја прави областа околу очите да изгледа посветла, сјајна и затегната, а контурите на лицето подигнати и помлади. Ги намалува темните кругови околу очите.
Ви го претставувам и другиот дел од колекцијата Re-Nutriv, а тоа се Ultimate Lift Regenerating Youth производите за нега на кожата
Луксузно концентриран третман! Ultimate Lift Regenerating Youth Serum
Луксузно концентриран третман кој создава лифт ефект на кожата и интензивно поцврсто чувство. Ја зајакнува кожата и се спротивставува на знаците на стареење. Серумот е направен со технологијата Ultimate Lift, моќни состојки и концентрирано ниво на Floralixir ™ Dew. Скапоцените капки кои се содржат во свиленкасто мекиот серум се клучот за вечната младост.
Крема со извонредно лесна формула! Ultimate Lift Regenerating Youth Creme Gelée
Крема со извонредно лесна формула, мека како кашмир што ја зајакнува и подмладува кожата, правејќи ја беспрекорно мазна и мека. Крема богата со ексклузивната Floralixir ™ Dew формула, моќната Ultimate Lift технологија. Соодветна за сите типови на кожа.
За драматично затегната кожа! Ultimate Lift Regenerating Youth Creme
Крема богата со ексклузивната Floralixir ™ Dew формула, моќната Ultimate Lift технологија и нега која ја подмладува и затегнува кожата. Континуираниот третман со Ultimate Lift Regenerating Youth Creme резултира со драматично затегната кожа, беспрекорно витална и доволно моќна да се спротивстави на идните знаци на стареење.
Ја зајакнува кожата околу очите! Ultimate Lift Regenerating Youth Eye Cremе
За уште поефикасен ефект, третманот надополнете го со Ultimate Lift Regenerating Youth Eye Cremе која ја зајакнува кожата околу очите и ги минимализира сите знаци на подуеност, враќајки го виталниот сјај.
Уште побогата формула! Ultimate Lift Regenerating Youth Creme Rich + Ultimate Lift Regenerating Youth Eye Cremе Rich
Богатата формула на Ultimate Lift Regenerating Youth Creme и Ultimate Lift Regenerating Youth Eye Crèmе надополнета со неверојатно хранливи состојки кои ја претвораат сувата кожа во беспрекорно нежна и длабински ја негуваат и потхрануваат.
Колекцијата Re-Nutriv е достапна во продажните места на Estee Lauder во Македонија.