Уметничка парфимерија и niche мириси? Кога пристапувате во светот на уметнички парфимерии, сигурно ќе наидете на изразот – niche мириси. Тоа е збор кој носи вкус на разлика, издвојување од масата.
Esxence – настан посветен на niche мириси!
Esxence е водечки меѓународен настан посветен на niche мириси, можност ентузијастите од целиот свет да се сретнат со вистинските протагонисти на фасцинантниот свет на мириси, каде што на историјата и традицијата им се приклучуваат иновацијата и истражувањата.
Esxence изложбата се одржува во Милано и претставува уживање во откривањето на нови трендови и мириси кои остануваат долго во сеќавање. Esxence 2019 се одржа од 25 до 28 април 2019 година и собра повеќе од 200 луксузни брендови во две изложбени простории. Во времетраење од четири дена на јавноста и беше претставен богат календар на настани и интересни случувања за уникатно и незаборавно искуство. На изложбата се преставија одбрани и луксузни брендови кои доаѓаат од целиот свет и можат да се пофалат со исклучително висок квалитет, со цел да се понуди само најдоброто.
Трендови за 2019 година!
Esxence 2019 навистина донесе повеќе фантастични креации кои сигурно ќе бидат популарни во наредниве години. Трендот на цветни парфеми беше сеприсутен, мирисите полесни и софистицирани. Рози, љубичици, ирис, мимоза, цвет од јасмин… цветните теми од сите страни привлекуваа внимание. Мошусот исто така актуелен, а гурманските парфеми беа присутни, но помалку од претходните изданија, додека соларните мирисни композиции се во подем. Новиот тренд го пронаоѓа својот пат, цветно-гурманските композиции се етаблираат помеѓу слатките и класично цветни мириси како компромис на поранешните трендови, но неколку прекрасни овошни мириси одушевуваа со своето присуство.