Благодарение на Rihanna и нејзината колекција Fenty Beauty, ова ќе биде многу шарено лето. На Instagram и на веб продавницата Fenty Beauty претставена е нова колекција со бои кои совршено ги опишуваат летни денови – разиграна, ефективна и многу смела! Во колекцијата вклучени се генијални тушеви за очи во различни бои и кармини за усни во нијанси на виножито со кои не може да останете незабележани, а создадени се за луди летни забави. Веќе после првото разгледување на колекцијата, едно е сигурно – летната шминка нема да биде монотона! Впрочем, тоа му прилега на летото, нели?
Неонски бои совршени за луди летни забави!
Тушевите за очи доаѓаат под името Vivid Eyeliner Trios, прекрасно трио на тушеви во неколку комбинации на нијанси, наречени Baeside, Baecay и Baewatch. Како што кажува името, тушевите изгледаат многу живописно и само за еден миг на очите го создаваат најдоброто чувство, чувството на лето! Тушевите се со неонски бои, а од брендот Fenty Beauty уверуваат дека многу е лесно да се нанесат на очните капаци со едноставен чекор бидејќи четката многу лесно се лизга.
Тушевите Baeside со нијансите Papaya Mama, Lime Feva и Skinny Dip носат доза на тропски предели што неодоливо потсеќаат на тропска папаја и лимета. Baewatch содржи малку потемни нијанси – Hollapeno, Techno Beet и Hot Tub Club, додека Baecay се поигрува со пастелни нијанси на розова -Hotti Alert и жолта -Banana Blaze, со додавање на бела -Wet T-shirt.
Кармини во седум впечатливи бои!
Летото е створено за експериментирање и смели нијанси, а во Fenty Beauty се свесни за тоа, затоа создадоа колекција на кармини кои имаат исто така сочни нијанси. Poutsicle е колекција на кармини со седум впечатливи бои. Нивната формула е исклучително кремаста и лесна, што ги прави идеални за жешките летни денови. Во колекцијата може да се најдат нијанси како што е светло портокалова, впечатлива сина и живописно виолетова боја.
Генијални идеи за храбар мејкап!
Оние кои сакаат нешто што е уште повеќе впечатливо, ќе бидат повеќе од задоволни од кармините со неон розова нијанса Tropic Tantrum, сина Motorboat и црвено-розова Hot Blooded. Боите навистина се неверојатни, но не знаат сите како да ги комбинираат овие нијанси! Затоа, Fenty Beauty се потруди и понуди неколку идеи за комбинирање на кармините и тушевите за очи.
Колекцијата во продажните места на Sephora и на веб-страницата на Fenty Beauty ќе биде достапна од 10-ти Мај.