- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Во текот на летото, кожата на лицето има тенденција прекумерно да се измрси, поради сонцето на кое е изложена. Покрај заштитата на кожата во лето со СПФ, неопходно е на лицето да се нанесуваат производи кои имаат лесна текстура и ги покриваат несовршеностите. Со цел долгорочно кожата на лицето да биде здрава и негувана, потребно е редовно да преземаме вистински чекори за нега на кожата. Првиот и неизбежен чекор е чистење на лицето, потоа нанесување на серум и хидратантна крема. Во лето, кожата има тенденција прекумерно да се измрси, затоа компактна пудра е одличен избор за покривање на несовршеностите без кожата прекумерно да сјае.

компактна пудра

Компактната пудра е идеален производ за мрсна кожа!

Мрсната кожа е склона кон создавање на акни и други несовршености поради затнати пори. Производите со потешка текстура се добар избор во зима, но производите со полесна текстура треба да се избираат во лето. Затоа, компактната пудра е идеална замена за течните пудри, бидејќи таа е со полесна и воздушеста текстура и добро ги покрива несовршеностите. Препорачливо е да нанесете хидратантна крема пред компактната пудра, но доколку сакате малку повеќе интензивен мејкап изглед, тогаш компактната пудра е одлична за завршна фаза преку обоениот крем. Тоа е производ кој е одличен избор за кожа склона на несовршености и затнати пори.

Дополнително, овој производ ќе создаде финален мат ефект без дополнително чувство на тежина на лицето. За да може кожата да биде негувана, потребно е одвреме-навреме да направете пилинг на лицето за да го отстраните вишокот на себум, како и мртвите клетки од кожата. Рутината за нега на кожата и чекорите се многу важни за шминката да изгледа убаво на лицето. Компактните пудри дефинитивно се производи во кој вреди да се инвестира во текот на летните денови за да се постигне природен и свеж изглед на кожата.

Во продолжение дознајте кои се најдобрите компактни пудри кои вреди да ги имате во вашиот козметички несесер.

- Реклама -

Max Factor Crème Puff

Совршената покривност, прозрачниот сјај и природниот финиш брзо го освоија Холивуд, така оваа компактна пудра стана хит на пазарот!

Max Factor Creme Puff Compact Powder

L’Oreal Paris Infallible Fresh Wear Foundation in a Powder

Оваа лесна компактна пудра покрива како течна пудра и се матира со природен изглед, давајќи целосна покривност и природен мат финиш до 24 часа!

L’Oreal Paris Infallible Fresh Wear Foundation in a Powder

MAC Studio Fix Powder Plus Foundation

Беспрекорен, ултра-мат изглед со компактната пудра од MAC. Постигнете изедначен матиран тен кој ќе остане постојан до 24 часа!

MAC Studio Fix Powder Plus Foundation

Bourjois HealthyMix

Едноставно до блескав, матиран и нежен тен, со помош на Healthy Mix компактната пудра. Лесна текстура, иновативна формула збогатена со витамин Ц, А и Б5. Ги намалува знаците на умор и ја изедначува бојата без прекумерен сјај!

Bourjois HealthyMix компактна пудра

Rimmel Lasting Finish

Лесна компактната пудра која го контролира сјајот на лицето без да ја чувствувате кожата сува. Се нанесува лесно и овозможува средна, природна покривност која трае цел ден!

Rimmel Lasting Finish компактна пудра

Essence Mattifying

Компактна пудра која ќе ги воодушеви сите девојки кои сонуваат за мат тен. Неговата свилена текстура се нанесува лесно за природен, мат финиш!

Essence Mattifying компактна пудра