- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Gioia – Радост!

Збор што предизвикува задоволство, чувство на радост што се шири низ телото и умот. Збор кој едноставно зрачи со добро расположение. Името на парфемската линија од Giorgio Armani значи – радост.

Мирна, вистинска и опиплива радост, радост која не е одглумена и трендовска. Радоста што доаѓа од недопрената природа.

Мирисната линија од Giorgio Armani составена од четири парфеми кои пружаат  искуство на радост со прекрасна, волшебна природа.

На силата на природата, која го шири парфемот Acqua di Gioia им се придружи сончевата среќа која го носи сонцето преку парфемот Sun di Gioia, додека возбудливата енергија на воздухот е вклучена во парфемот Air di Gioia, за на крај парфемот кој го отсликува небото во нежни нијанси употребувајќи техники да ја направи свежата роса од розата – Sky di Gioia.

- Реклама -

Се започна со парфемот Acqua di Gioia!

Acqua di Gioia: Композиција извлечена од срцето на елементите од природата!

Acqua di Gioia е проткаен со прозрачна милост која на чудесен начин ги поврзува со вашата вистинска природа и инспирира да се биде верен на себе.

Овој освежувачки парфем во шишенце со морско зелена боја ја поткрепува неприкосновената сила. Исклучителната слоевитост на составот се отвора со ноти од сецкано нане и овошни ноти, со интензивен акорд на круша и тропско овошје. Во срцето се кријат воздушести цветни акорди и ливчиња од воден јасмин. Долните ноти се опкужени со дрвенести акорди на килибар и богато сладок акорд на кафеав шеќер.

Acqua di Gioia ја слави жената и природата преку весела композиција извлечена од срцето на елементите од природата: ладна вода, бујна вегетација и пријатна земја. Парфемот претставува Медитеранско бегство помеѓу земјата и морето и повторно раѓање на сетилата извлечени од самото срце на елементите.

Ново трио на волшебни парфеми!

На оригиналниот парфем сега му се придружија и три нови емоции, три нови момента на вистинско исполнување и среќа инспирирана од природата: Air di Gioia, Sun di Gioa и Sky di Gioia.

Air di Gioia: Крила на слободата!

Причините за изборот на ова нежно сино шишенце се многу очигледни: пренесува енергија што некои ја нарекуваат озон, како што е радоста предизвикана од неочекуван виор на ветрот. Сетилата се преплавени со италијанска мелодија и ноти на мандарина, нероли и препознатлив рефрен “солено-цветен”, божур, ylang-ylang и цвет од портокал, со дрвенести долни ноти составени од пачули, кашмеран и мов.

Исполнет со радост и ентузијазам, слободен и фасцинантен како чист, свеж воздух.

Sun di Gioia: Искапен во сончева светлина!

Во ова жолтеникаво-златно шишенце се крие цветен мирис искапен во сончева светлина. Сензуални ноти кои потсетуваат на чувство на удобност на исончана кожа започнуваат со бергамот и фрезија. Во раскошната цветна срцевина се кријат frangipani, ylang-ylang и јасмин Sambac, а пак во долните ноти кои се исто така исполнети со светлина се испреплетени ноти на ирис, ванила и бензоин.

Sky di Gioia: Го отслика небото!

Sky di Gioia е несовладливо искуство пренесено преку визијата на убавината, која успокојува и создава чувство на среќа, слика која никогаш не бледее, приказ на изгрејсонце кое свети со розова боја над морето. Исто така е и порака за надеж, почетокот на секој ден кој носи бескрајно нови можности и секоја зора е ветување за оптимизам.

Парфемот го создаде Marie Salamagne, која го отслика небото во нежни нијанси употребувајќи техники да ја направи свежата роса од розата, срцето на Sky di Gioia. Потоа го надополни со блескава комбинација од овошни ноти: свеж, сочен цвет од личи во склад со крцкава зелена круша, двата мириси како еден, како сончев зрак. Кадифестата луксузност на божурот го прекрива мирисот на розата со капки на свеж, суптилно солен Transluzone. Нежна, милувачка, розата е додадена во традиционалниот стил со цел да даде уште поголема суптилност. Како резултат, цветот открива страна која е деликатна и кревка како пупка од роза. На крај, белиот мошус Helvétolide го додава својот акцент.