Користењето на дезодоранс не е наука која треба да се совлада, но сепак постојат неколку ситни правила кои мораат да се почитуваат ако сакате да ја задржите свежината во текот на целиот ден.
Нанесете го веднаш после туширањето!
Најдобро е веднаш штом ќе завршите со туширање да нанесете дезодоранс. Исушете го пределот под пазувите и потоа нанесете го дезодорансот. На овој начин вашата кожа од почеток ќе биде мирислива и чиста!
Дезодорансот не заменува туширање!
Некои мислат дека не мораат да се тушираат ако користат дезодоранс! Меѓутоа, дезодорансот нема никаков ефект ако не се нанесува на чиста кожа, туку ќе придонесе да се активира непријатен мирис.
Нанесувајте дезодоранс неколку пати во текот на денот!
Како и кремата за сончање, дезодорансот мора да се нанесува неколку пати во текот на денот, ако сакате постојано убаво да мирисате. Најдете простор за дезодоранс во фиоката на работа, во торбата од лаптопот или во автомобилот.
Не нанесувајте премногу, едно прскање е доволно!
Кога нанесувате дезодоранс доволно е само едно прскање! Ако претерате, нема да постигнете подобар краен резултат, а ризикувате да ја иритирате кожа под пазувите.
Користете природни дезодоранси!
Дезодорансите направени од природни состојки се покажале како подобри и поздрави за телото. Немаат штетни супстанци, а го имаат истиот ефект како стандардните.