Guerlain повика сите да се придружат за да помогнат да се спасат пчелите. Трета година по ред, францускиот бренд за убавина Guerlain ја мобилизира светската јавност во посветеност и акција на Меѓународниот ден на пчелата.
Заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на пчелата!
Guerlain испрати повик до сите да го нацртаат својот омилен цвет како знак на поддршка на пчелите.
Водно, Guerlain ја покажа својата грижа кон животната средина. Во периодот од 20 мај до 22 мај, 20% од вкупната продажба на Guerlain ќе бидат донирани на „Guerlain for Bees“ програмата.
Да ги научиме идните генерации!
Целта на Guerlain останува иста – да се соберат средства за поддршка на програмата за зачувување на пчелите. Толку многу природни богатства и ресурси зависат од нивната маестрална работа. Затоа, Guerlain со голема посветеност прави напори да ги заштити пчелите за да ги научи идните генерации за овие неверојатни помагатели на природата.
Со програмата за зачувување на пчелите, Guerlain е посветен на помагање во нивна заштитата и зачувување на биолошката разновидност. Програмата опфаќа значајни иницијативи и партнерства кои рефлектираат повеќе тематски столбови: зачувување и опрашување, едукација, зајакнување и иновација.