- Реклама -

Исклучително светли или темни усни, неон, мат, со светки, сјајни, двобојни, омбре… Сите овие трендови само се менуваат од сезона во сезона и за сите од нив може да се каже – веќе видено! За мејкап сцената малку да се разбранува, се погрижи Instagram каде корисниците понудија нешто спектакуларно – холограмски усни.

Разбуди го уметникот во тебе!

Откако стигна на мејкап сцената, бевме луди за овој тренд. Иако помина доволно време од моментот кога овој тренд загосподари со социјалните мрежи, а потоа и на насловните страни на престижните модни и списанија за убавина, многу жени се уште не се осмелуваат да го испробаат. За да се вклучите во луда авантура на холограмски усни, освен храброст и малку напор, ќе ви треба и соодветна причина. Забава, неконвенционален прием или друга специјална пригода, се доволно добро “оправдување” да се почестите со божествените холограмски усни. Погледите тешко ќе се одвојат од вас, бидејќи револуционерната формула на холограмските сјаеви на обичните усни се претвора во вистинско ремек-дело!

Заборавете на правилата, создадете магија!

Спектакуларниот ефект на 3D илузија на усните се постигнува со неверојатно прелевање на бои и дисперзија на светлината, но исто така и фактот дека овој мејкап тренд не поддржува било какви правила. Разбудете ја уметничката линија во себе, бидете слободни и креативни …

- Реклама -

Добредојдовте во новата димензија – чекор по чекор!

За почеток, нанесете ја саканата боја на кармин. Во овој случај, таа ќе послужи како основа. Ако сте доволно храбри, пробајте со повеќе различни бои за го добиете најмоќниот ефект. “Бакнете” хартиено марамче за да го отстраните вишокот од кармин. Во следниот чекор, исцртајте ги усните со помош на молив за усни, по можност во бојата на кожа, бидејќи тоа ќе го зголеми обемот на усните на очигледен начин. Моливот исто така, ќе делува како граничник што ќе го спречи излевањето, па кармин ќе остане таму каде што му е местото – на усните.

Конечно, нанесете го најважното, холограмскиот сјај. Најпрво пополнете го централниот дел од усните, а потоа внимателно и аглите. Постои широк спектар на бои: од нежно розова до темно сина, така што посакуваниот ефект нема да изостане. Со прст изблендирајте го холограмскиот сјај во карминот, односно базата и покажете му на целиот свет дека сте роден “уметник”! Ако при рака немате сјај за усни, не грижете се, хајлајтерот може совршено да послужи и да обезбеди сјаен ефект, а боите можат да се комбинираат со помош на кармин или молив за усни.

Течните хајлајтери се идеални, ако сакате да ги нахраните усните поради формулата што содржи хранливи масла, а може да се постигне холограмскиот ефект, подеднакво добро како и сјајот за усни, особено поради нежниот-бисерен сјај што го содржи.

Запомнете, без оглед на квалитетот, производите кои создаваат холограмски ефект имаат тенденција да се размачкаат. Значи, би било добро овие производи да ви бидат при рака, бидејќи во одреден момент ќе морате да интервенирате на вашите усни. Минимален напор за максимална добивка – усни кои предизвикуваат многу погледи!

- Реклама -