- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Hugo Boss претстави нов мирис за жени Boss Alive, потпишан од парфимерката Annick Menardo. Новата мирисна креација Boss Alive Eau de Parfum е создадена да го прослави блаженството на моментот: „Новиот женски мирис е инспириран од жени кои прават смели чекори. Alive зрачи привлечна женственост, магнетизам и снага – карактеристики на Boss жените кои секој ден создаваат своја дефиниција за успех“.

Феноменална овошна експлозија!

Блескавата овошна експлозија во горните ноти нуди блескав и зависен почеток што го промовира страствениот ум на оној што го носи. Со свежите и енергични ноти на јаболка измешани со разиграна црна рибизла и слива огреана од сонце и топол цимет, се изразува слаткиот и овошен карактер на мирисот изразен во секој момент – делувајќи како потсетник дека животот може да биде извор на безгранична среќа ако живеете со полни гради. Додатокот на природна ванила од Мадагаскар, деликатно слатка од различни аспекти, брзо се развива и станува маркер на мирисот, симбол и радост на животот (joie de vivre) што ги поседува Alive жената“.

- Реклама -

Снажен цветен магнетизам!

Цветниот квалитет Alive го црпи од сјајниот, привлечен индиски јасмин, кој е во центарот на овој мирис. Симболот на блескава женственост, мирисот на овој цвет зрачи со едноставност и привлечност. Прегрнувајќи го чувството на слободен дух и магнетизам, мирисот ја нагласува огромната самодоверба на оној што го носи. Чистиот и бел квалитет на нотите во срцето е во спротивност со суптилната, сува арома на мајчина душица што создава контрастна мешавина во јадрото на мирисот“.

Самоуверена дрвенеста женственост!

Самиот ‘рбет на Alive мирисот е создаден од живописна и моќна комбинација на дрвенести акорди во основата на мирисот, составена од есенција на кинески кедар што го нагласува силниот карактер, но во исто време структурален и мек. Во комбинација со нежна и кремаста сандаловина, дрво од маслинка и златно дрво од Аљаска со интензивен мирис и убедлива топлина и сила, го инспирираат носителот да го следи сопствениот ритам“.

#FeelALIVE

Зависен, магнетски привлечен и силен. Мирисот е разновиден како и жената што го носи, давајќи ѝ самодоверба да го следи сопствениот пат и да ја дефинира својата верзија за успех. Секојпат кога ќе го нанесете мирисот, ќе ве потсетува дека живеењето во сегашноста е вистинското место каде сте најисполнета, слободна и среќна, се чувствувате живо. #FeelALIVE

Видео кампањата за новиот мирис ќе започне од 1 март 2020 година, додека фото кампањата веќе е објавена. Во неа се претставени четири жени Emma Roberts, Laura Harrier, Bruna Marquezine и Chloe Bennet кои претставуваат модерни и различни лица на Boss жената: безгрижна, самоуверена, инспирирана.

Boss Alive ќе биде достапен во 30, 50 и 80 мл, како Eau de Parfum.