- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Веројатно вие, како и повеќето модерни жени ја цените секоја минута од вашиот исполнет ден со обврски. Брзате да пристигнете навреме во теретана или сте во потера по поволни цени на најновата распродажба во трговскиот центар, Infaillible 24 Hour Fresh Wear течната пудра ќе биде тука за да го подржи секој ваш чекор.

Денес, сосема е очекувано дека сè, од гардероба до производи за убавина, ќе бидат лесно прилагодливи на дневните, спортските и вечерните изданија. Се разбира, вашата шминка треба да го следи овој тренд. Со новата Infaillible 24 Hour Fresh Wear течна пудра, без маки ќе станете кралица на активниот и динамичен живот.

Течна пудра за незапирливите!

Во брзата секојдневница, времето е нов луксуз, а “Don’t Stop Me Now” е мантра на секоја модерна жена. За среќа, L’Oreal Infaillible 24 Hour Fresh Wear течната пудра е дизајнирана да ги следи сите ваши барања и да ви овозможи на крајот од денот да изгледате одморено и свежо, исто како во утринските часови кога сте ја нанеле пудрата. Таа е отпорна на пот, вода и не остава траги на облеката. Достапна е во 8 нијанси, така што лесно ќе ја најдете бојата што одговара на вашиот тен. Оваа течна пудра ќе ви го даде чувството на свежина што не престанува, но со совршена моќ на покривање. А кога ќе дојде времето за забава? Нема проблем! Infaillible е вашиот совршен партнер за беспрекорен и здрав изглед.

- Реклама -

Течна пудра која овозможува вашата кожа да дише!

Спојот на материјали и ткаенини со високи перформанси кои овозможуваат модната граница на облеката за теретана, спална соба и дневен стил да избледи, послужи како инспирација за нова oxygen технологија која е применета на Infaillible 24 Hour Fresh Wear. А што ја прави разликата? Нова oxygen технологија во комбинација со долготрајни полимери исполнети со воздух. Затоа Infaillible 24 Hour Fresh Wear овозможува на кожата да дише, додека лесните масла и микро-сферични честички придонесуваат кожата на лицето да не ја чуствува пудрата тешка. Кој е крајниот резултат? Течна пудра која останува на своето место долго по нанесувањето, со чувство на леснотија и свежина на лицето за време на целиот ден.

Течна пудра која ќе ја израдува вашата кожа!

Повеќето жени ќе се вљубат во моќната формула на оваа течна пудра. Речиси да нема тежина, лесна е како пердув, а има одлична покривност. Лицето изгледа природно, лесно се нанесува со четка за течна пудра, сунѓерест блендер, но и со прсти. Со било која техника за нанесување се добива совршено измазнета кожа на лицето.

Дали и вие сте обожавателка на L’Oreal Infaillible 24 Hour Fresh Wear течната пудра? Споделете ги вашите впечатоци во коментари!