- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ако во последен момент сте повикани на свадбена веселба како придружничка, драги девојки не очајувајте, ќе ви презентирам единствена инспирација за прекрасни мејкап изгледи за шминка за свадба што ќе измами многу погледи.

шминкање

Може да примените било кој мејкап изглед за свадба од предложените за кој нема да ви треба професионално шминкање. Бидете сигурни дека брзо ќе бидете нашминкани и на ниво на задачата! Еве како да се нашминкате:

Црвено, за радост!

Не знам како успева, но моделот Gigi Hadid со секоја појава измамува безброј позитивни реакции кај мажите. И вие можете да го постигнете истиот ефект!

Кај нејзиниот мејкап изглед постојат два клучни моменти: перфектно тонирано лице и перфектно исцртани црвени усни, со нежен стробинг на лицето. Тоа е техника на шминкање која до максимум го потенцира здравиот сјај на одредени делови од лицето. Кога применувате стробинг, деловите од лицето ќе изгледаат како над нив да паднал сончев зрак. Со помош на квалитетна пудра, а потоа со малку играње во осветлувањето на лицето, ќе постигнете ефект на извонредно изедначена и блескава кожа. Останува уште неговото височество, црвениот кармин. Четка за кармин и еден долготраен црвен кармин многу ќе ви помогнат. Најпрво треба да ги исцртате усните, а потоа постепено да ги пополнувате со боја. Нанесете малку нуд сенка на очи, ставете ја омилената маскара на трепките и вие сте подготвена!

- Реклама -

Џиџи Хадид беспрекорен мејкап изглед за свадба

Најдоброто нешто кај овој мејкап изглед е тоа што можете да го комбинирате со речиси секоја свечена гардероба за свадба.

Заводлива едноставност!

За некоја поекстравагантна модна комбинација, но и за некое минимално модно издание кое честопати може да биде полн погодок во морето на свадбената шарада, со цело срце ви го препорачувам овој мејкап изглед. Трпи гломазна бижутерија, но и скапоцен накит, а најважно од сè – брзо се постигнува.

Поиграјте се малку со сенчање на лицето или со брзо и лесно контурирање на лицето. Нанесете мат кармин во нуд нијанса, со мат нуд палета на сенки за очи. Значи, сосема природно. Убаво извлечената линија со туш за очи многу го истакнува погледот, а останува во границите на пристојно шминкање на очите за вистинските заводнички: за дискретно заводлив поглед!

Беспрекорен мејкап изглед за свадба

Модерен гламур!

Ви откривам како брзо да постигнете мејкап изглед кој ги комбинира претходните два. Па ако сакате да одите чекор понатаму, ризикувајќи со својата појава да ја засенете невестата, ова е решение!

Добриот тен на лицето секогаш е најдобрата основа на секое добро шминкање. Нагласете ги линиите на лицето со стробинг со неколку потези на четката, нанесувајќи нежно блескаво осветлување на просторот помеѓу веѓите, средината на носот, брадата и внатрешните агли на очите. Црвениот кармин како во првиот пример: со четка, изедначено пополнети усни. Можете да изберете и друга боја на кармин, но за ова мејкап издание ви треба боја која ќе биде привлечна. За вака храбро нашминкани очи, тушот за очи може да се исцрта похрабро, преоѓајќи преку ивиците на окото. Заводливите и тренди точки нанесете ги на средината на долниот капак од окото за мејкап шах-мат.

Прекрасниот модел од Бразил, Luma Grothe овој мејкап изглед го носи совршено, а верувам дека и вие ќе умеете да се носите со вниманието што ќе го привлечете на свадбата! Поготово ако вашиот избор со ваквиот мејкап е прекрасен црвен фустан.

Лума Гроте беспрекорен мејкап изглед за свадба