Prada ни го претставува новитетот во својата Candy мирисна линија. По оригиналниот Prada Candy од 2011 година, Prada Candy L’Eau од 2013 година, Prada Candy Florale од 2014 година, Prada Candy Kiss од 2016 година и Prada Candy Gloss од 2017 година, Candy мирисната линија е збогатена со новото издание Candy Sugar Pop со шише инспирирано од познатата Prada Saffiano женска ташна.
Младешка интерпретација на мирисот на карамела!
Новиот мирис, Candy Sugar Pop претставува забавна и младешка интерпретација на мирисот на карамела, збогатен со дополнителни овошни и слатки мирисни ноти. Композицијата содржи акорди на зелен бергамот, цитрус, црвени јаболка, бели праски и цветни молекули mahonial, сите базирани на ванила.
Шише инспирирано од Prada Saffiano ташната!
Шишето на парфемот е инспирирано од трослојната ташна Prada Saffiano во пастел розова, сина и жолта боја.
Мирисот е достапен во 30, 50 и 80 ml како Eau de Parfum.