Lancôme го лансираше новиот La Nuit Tresor Intense како екстремно зависен цветен мирис во прекрасно рубин црвено шише во облик на дијамант, украсено со црвена сатенска роза. La Nuit Trésor Intense L’Eau de Parfum нè поканува да доживееме интензивна љубовна приказна, негувајќи го богатиот мирис на Дамаск розата.
Сензуална Дамаск роза, вкусна црна цреша и пријатно бадемово млеко!
Во срцето на мирисот, сензуалната Дамаск роза го исполнува мирисот со својот интензитет. Вкусната и сочна црна цреша со својата есенција ја обвива Дамаск розата во миризлив превез кој предизвикува зависност. Богатото и кремасто бадемово млеко на мирисот му го додава завршниот допир на удобност и мекост.
Мирис создаден од жени!
„Овој мирис е покана за најстрасното, највозбудливото поглавје на љубовта чија приказна ни ја раскажува La Nuit Trésor“ – Amandine Clerc-Marie креатор на мирисот.
„Чисто гурманско искуство како афродизијак. При неговото создавање, исклучително го истражувавме сочниот аспект на црешата за да создадеме хармонија со црвената роза“ – Honorine Blanc креатор на мирисот.
Penelope Cruz – интензивна изјава на љубов!
Потребна е само една секунда за да се изгубите себеси во длабочината на љубовта. Чувствувате дека страста го обзема вашето срце исто како Penelope Cruz. La Nuit Trésor Intense е покана да се препуштите на интензитетот на вашите емоции и да го исполните срцето со љубов.
View this post on Instagram
Најскапоцениот рубин!
Запечатете ја вашата љубов со најинтензивниот црвен скапоцен камен. Шишето на La Nuit Trésor Intense е инспирирано од скапоцен рубин и ја претставува заводливата есенција на страста.
Почувствувајте длабока, страсна љубов со раскошниот мирис!
Lancôme La Nuit Tresor Intense е достапен во препознатливите шишиња во количини од 30, 50 и 100 мл, како L’Eau de Parfum.