Изборот на собен дифузер е исто толку важен како и изборот на личен парфем, бидејќи во тој мирис ќе се препознаете себеси и луѓето ќе ве препознаат!
Кое е вашиот омилен мирис за амбиент во просторот?
Домашниот мирис е составен дел од декорот како и секое парче мебел или уметничко дело. Мирисот има моќ да создаде топла и привлечна атмосфера која ќе го подигне расположението и ќе го направи вашиот дом многу попријатен за живеење и работа. Мирисот во домот и работните простории несомнено влијае на целокупното чувство и целиот амбиент на просторот. Домот со пријатен мирис ќе создаде мирна атмосфера и ќе понуди блажено искуство на сетилата.
View this post on Instagram
Приказна за Dr.Vranjes Firenze
Вашиот дом или работна просторија може да постане вистински извор на сетилни искуства, благодарение на магичната атмосфера предизвикана од собните дифузери на брендот Dr.Vranjes Firenze под водство на Paolo Vranjes. Од самиот почеток, повеќе од 35 години Paolo работи на визијата на извонредно изработени и богато претставени миризливи искуства.
Креирани од доктор!
Paolo отсекогаш бил фасциниран од моќта на мирисот. Растејќи покрај парфемите во работилницата на неговиот дедо, тој често се сеќава: „Бев воодушевен од овој свет создаден од скапоцени проѕирни шишиња, кои содржат ретки и возбудливи ароми. Навистина сакав да ги знам сите нивни тајни“.
Следејќи ја својата вродена љубопитност, Paolo продолжил со студии по хемија, фармација и козметологија. Во 1983 година во Фиренца тој ја основа својата компанија.
View this post on Instagram
Фиренца како инспирација!
Познат по долгогодишната традиција на изработка и правење парфеми, градот Фиренца е муза и инкубатор за креативна иновација. Со секое шише и со секој дар на инспирација, се слави наследството на Фиренца, споено со нови идеи и современ сензибилитет.
Производите се направени од вешти мајстори од Фиренца кои генерација по генерација ја продолжуваат традицијата на прецизни рачни изработки, што го прави секој производ речиси уникатно парче.
View this post on Instagram
Најфини и најлуксузни амбиентални мириси во светот!
Со традиција долга 39 години, мисијата на Dr.Vranjes Firenze е да го трансформира вашиот простор во најдобра верзија и да ви посака добредојдовте. Вашето секојдневие ќе се претвори во посебна пригода, а вашиот дом ќе ви даде несекојдневно чувство.
Dr.Vranjes Firenze мирисите се меѓу најфините и најлуксузните амбиентални мириси во светот, достапни во повеќе од 60 земји.
Само во Cosmo!
Во Cosmo дрогериите можете да најдете 8 различни мирисни линии во повеќе големини на собни дифузери соодветни за различни типови и големини на простории. Прекрасните креации со стил ќе го подобрат чувството во вашиот дом.