- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Juliette Has A Gun е парфемски проект на внукот на Nine Ricci, Romano Ricci основан во 2005 година. Парфемската линија содржи парфеми на база на роза, бидејќи розата е вистински подарок на заљубен маж за дамата од неговото срце.

Romano Ricci го започна својот проект инспириран од сагата на Шекспир, но типичната ренесансна романтика поприма карактеристики на модерното време. Модерната Јулија е вооружена, но романтична како порано.

Концепт на брендот симболизира независност и слобода!

Самиот концепт на брендот симболизира независност и слобода, а на жените им дава во рака оружје за да можат да се соочат со мажите во вечната борба на пол, страст и љубов.

- Реклама -

Најстарото издание на брендот Juliette Has A Gun е од 2006 година, а најновото е од 2018 година. Парфемите од оваа инспиративна мирисна линија во светот на убавината се препознатливи по одлучноста и храброста на ова парфемско семејство, кое не се плаши да оди против правилата на модерните парфеми.

Juliette Has A Gun Not A Perfume

Посебно внимание привлече мирисот Juliette Has A Gun Not A Perfume кој се темели на една состојка – амброксан.

Дизајнот на шишето, духовит концепт, карактеристика на главниот креатор и необичен имиџ, брендот Juliette Has A Gun ја сочинува платформата за жените кои се ценат себеси, не се плашат да провоцираат, но и покрај сето тоа – тие остануваат женствени.

Juliette Has A Gun Sunny Side Up

Мирисот Sunny Side Up, идеална композиција на сандаловина со пријатни дрвенести кремасти тонови. „Терапија за среќа“ која е тука за да го разубави денот и да го крене расположението. Главни состојки: сандаловина, јасмин, ванила.