Дознајте како мирисаат најпознатите кралици и принцези?

Членовите на кралските семејства се познати по тоа што поставуваат многу модни трендови. „Кралскиот печат“ на производите што тие ги користат, за брзо време стануваат класици и бестселери. Неизбришлива трага во нашите сеќавања остави Kate Middleton која повторно ја лансира во мода минималистичката венчаница, додека Meghan Markle го врати во мода долгиот вел.

Што се однесува до парфемите, членовите на кралските семејства имаат омилени парфеми кои ги користат. Нема подобра инспирација за елегантен мирис од оној на дама од кралското семејство кој ќе направи да се чувствувате софистицирано. Дознајте како мирисаат кралиците и принцезите? Ова се омилените парфеми на најпознатите кралици и принцези.

Kate Middleton – Jo Malone Orange Blossom

Изборот на парфем на Војвотка од Кембриџ Kate Middleton е Orange Blossom од Jo Malone. Тоа е мирис кој може да се пофали со ноти на росни лисја на цитрусна мандарина во мешавина со бел јоргован, цвет од портокал, воден крин и ветивер. Orange Blossom е избор на Kate за секојдневно носење, а кружат гласини дека истиот мирис преовладувал во нејзината соба на денот на венчавката со принцот William.

Како мирисаат кралиците и принцезите? Kate Middleton

- Реклама -

Jo Malone Orange Blossom

Meghan Markle – Jo Malone Wild Bluebell

За секојдневен мирис Meghan го носи парфемот Jo Malone Wild Bluebell. Тоа е мирис со лесни и свежи ноти, а брендот го има најубавиот опис за парфемот: „Вибрантниот сафир цвета во засенчена шума. Деликатната сладост на росните ѕвона е проткаена со лилјан од долината со слаткиот мирис на рајското јаболко. Волшебно, нели?“. Meghan во едно интервју изјави дека обожава парфеми. Таа изјави: „Парфемот е моето омилено нешто, толку многу што ако излезам од дома и не го ставам, ќе се свртам и ќе се вратам дома. Менувам неколку мириси. Ги сакам парфемите од брендот Jo Malone, прекрасниот Oribe Côte d’Azur, мојот омилен Wild Bluebell и мистериозниот Wood Sage & Sea Salt Colognes“.

Како мирисаат кралиците и принцезите? Meghan Markle

Jo Malone Wild Bluebell

Кралицата Elizabeth II – Guerlain L’Heure Bleue

Експертите веруваат дека Кралицата Elizabeth II преферира мирис до Guerlain со потпис од парискиот парфимер Jacques Guerlain кој го создал L’Heure Bleue во 1912 година. Парфемот е прекрасен, мистериозен и привлекува внимание, додека зрачи со класични ароми и цврсто е вкоренет во стилот на Стариот свет од почетокот на 20 век. Мирисот на овој парфем е моќен, затоа секоја жена која го носи може да владее и не се срами да биде забележана.

Како мирисаат кралиците и принцезите? Elizabeth II

Guerlain L'Heure Bleue

Кралицата Letizia Ortiz Rocasolano – Bvlgari Au Thé Vert

Au Thé Vert на Bvlgari со примеси на јасмин и зачинети акорди е дел од тајната на елегантниот изглед што Кралицата Letizia секојдневно го постигнува. Измамливо едноставен и веднаш привлечен, Bvlgari Au Thé Vert внимателно ги балансира тревните, дрвенестите и слатките ноти за да оддаде почит на јапонскиот зелен чај. Тоа е нежен мирис со волшебна и интимна нијанса за оние кои бараат релаксација во приватни, скапоцени моменти на луксуз.

Како мирисаат кралиците и принцезите? Letizia Ortiz Rocasolano

Bvlgari Au Thé Vert

Кралицата Rania Al Abdullah – Guerlain Samsara

Кралицата Rania од Јордан има само една сигурна мирисна опција. Гламурозната кралица се има одлучено за еден мирис кој стана нејзин заштитен знак – Samsara од Guerlain, создаден во 1989 година. Креиран од дрвенести и цветни ноти, овој мирис предизвикува спокојство и хармонија.

Како мирисаат кралиците и принцезите? Rania Al Abdullah

Guerlain Samsara