- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

DesirToxic Micallef – Will you dare? – Дали би се осмелиле?

DesirToxic од брендот Micallef ветува интензивност и сензуалност благодарение на сложената и моќна композиција.

Ода на недозволеното!

Сурови и специјално селектирани материјали од најдобрите почви го даваат крајниот резултат на неочекуваното. Како течна емоција, DesirToxic е интригантен и крајно сензуален мирис. Создаден од присуството на црна рибизла, цимет, тонка грав, канабис во комбинација со килибар, бензоин, мов, мошус и пачули. Искри на свежина се чувствуваат од кардамон, бергамот и лимон.

- Реклама -

Парфем од кој ќе станете зависни!

Ова е парфем од кој ќе станете зависни, парфем кој открива контраст во личноста, разликата помеѓу темнината и светлината. Суровите состојки, вклучувајќи го и канабисот кој ретко се употребува во парфемите, ја нагласуваат сензуалноста на машката и женската кожа. Состојките се судруваат меѓусебно се додека не постигнат совршена хармонија!

Пирамида на мириси!

Во горните ноти се наоѓаат бергамот, кардамон и лимон. Веднаш потоа, во срцевината на парфемот ќе ги почувствувате црната рибизла, цимет, тонка грав и канабис. Завршните ноти се бензоин, мов, мошус и пачули.

Секоја линија е на шишенцето е уникатна!

Шишето икона е од современата Jewel колекција, со сурови и геометриски линии изразени во спротивставени полноќно-сино монохроматски бои, на авангарден начин се израз на архитектонскиот речник.

Секоја линија е уникатна. Шишето ја изразува мојата волја да почнам со блок од суров камен, исто онака како што писателот се соочува со празна бела страница, дури и кога ќе напише нова приказна, на крајот секогаш е препознаен по неговиот стил. Така, парфемот станува еквивалент литературното дело на парфимерот. Секоја креација ја создавам според ДНК на мирисот во кој се сместува.  Нијансите предизвикуваат чувство на смиреност, треперливи бои на еден суптилен момент кога денот станува ноќ… Да се молчи…или не.“ – Martine Micallef

Интензитет и сензуалност на секси, магнетни и страствени ликови!

Атмосферата на DesirToxic открива интензитет и сензуалност на секси, магнетни и страствени ликови. Нивното постоење вибрира на мелодијата на нивните движења. Романтични, енигматични ликови кои се икони, истите тие негираат пристап до нивната спротивставена душа. Урбани легенди, доброволно бунтовни, овие ноќни птици сакаат да живеат опасно. Нивната телесна енергија ги обележува улиците. Зависни од опасните врски, тие копнеат една ноќ да трае подолго, како и недозволените состојки, како канабисот кој се наоѓа во срцето на парфемот. Нив, засекогаш под својата кожа ги имаат нивните партнери.