Брендот The Ordinary ја трансформираше козметичката индустрија кога на потрошувачите им понуди производи со ефикасни резултати, но со прифатливи цени. The Ordinary тоа го постигна со минималистичко пакување и не инвестирање на големи суми во маркетинг. Тие ги оставија производите да го најдат патот до потрошувачите, единствено врз основа на постигнатите резултати. Сите формули на производите не содржат парабени, сулфати, есенцијални масла и не се тестирани на животни.

За вас ги издвоив производите од брендот The Ordinary за кои најмногу се зборува на социјалните мрежи и зад кои производи стојат милиони задоволни корисници од целиот свет.

The Ordinary AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution

Бестселер производ и особено популарен меѓу бјути блогерите! AHA киселината прави површинска ексфолијација на кожата, а BHA киселината помага во чистење на порите, а воедно прави пилинг. Овој комбиниран 32% раствор на AHA / BHA овозможува длабински пилинг на кожата и помага во борбата против акни, а истовремено го подобрува сјајот на кожата. Напредната формула ги намалува брчките со континуирана употреба.

Препорачувам да го користите строго спрема инструкциите дадени од производителот и само ако вашата кожа не е чувствителна. Се користи наутро или навечер, а доколку го нанесувате наутро задолжително ставете крема со заштитен фактор. Се нанесува рамномерно на чисто и суво лице користејќи ги врвовите на прстите. Избегнувајте ја областа околу очите и формулата оставете ја да делува најмногу 10 минути! Се плакне темелно со млака вода и не се препорачува да се користи повеќе од два пати неделно.

- Реклама -

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Ordinary, NIOD, & more. (@deciem)

The Ordinary Niacinamide 10% + Zinc 1%

Ниацинамид (витамин Б3) има антиинфламаторни својства и ги намалува темните кругови околу очите, ги чисти порите и спречува појава на акни. Овој витамин доаѓа заедно со 1% цинк за да се балансира создавањето на себум.

Овој производ со ниацинамид се користи наутро и навечер.

Важно: Не користете го овој производ во комбинација на производи со витамин Ц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Ordinary, NIOD, & more. (@deciem)

The Ordinary Caffeine Solution 5% + EGCG

Серум за пределот под очите кој содржи висока 5% концентрација на кофеин, многу ефикасно ја оживува кожата и ги стеснува крвните садови за да се намалат темните кругови и подуеноста на подочниците. Дополнет со EGCG, состојка која е добиена од лисјата на зелен чај кој има антиинфламаторно дејство и го реактивира епидермисот кој е во фаза на умирање.

The Ordinary Caffeine Solution 5% + EGCG се користи наутро и навечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Ordinary, NIOD, & more. (@deciem)

The Ordinary Retinol in Squalane 0.2% – 0.5% – 1%

Ретинол е дериват на Витаминот А и во светот на убавината се смета дека е најдобриот пријател на вашата кожа. Го забрзува обновувањето на клетките, го подобрува создавањето на колагенот и ги намалува фините линии и брчки. Кога користите производи на база на ретинол, многу е важно да знаете дека треба да користите само еден производ од линијата на ретиноиди. The Ordinary во својата понуда го има вклучено производот Retinol in Squalane, кој можете да го пронајдете со концентрација на ретинол од 0.2%, 0.5% и 1%. Брендот нуди серуми со различна концентрација на ретинол, бидејќи овој дериват на Витаминот А може да ја иритира чувствителната кожа, па дури и нормалната кожа кога се користи за прв пат.

Ви препорачувам да започнете со најниска концентрација на ретинол и со тек на време доколку е потребно изберете малку посилен раствор на ретинол. Се користат навечер по чистење на лицето и нанесување на тонер, а пред нанесување на крем.

Неколку екстра совети!

Не се мешаат:

Ретинол и AHA / BHA киселина, но можат да се користат во различни денови од неделата.

Ретинол и Витамин Ц, но исто така можат да се користат во различни денови.

Ниацинамид не се меша со AHA / BHA киселина и Витамин Ц, но можат да се користат во различни денови од неделата или да се почека 30 минути за да се нанесе следниот производ.