- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Совршено пропорционално лице не постои! Недостатоците на телото лесно може да се прикријат со гардероба. Со лицето тоа е сосема друга приказна, особено ако имате проблем со асиметрични природни веѓи. Без разлика дали едната веѓа е подигната или спуштена, подолга, пократка, повеќе или помалку пополнета или веѓите се со сосема различна форма, тоа не е крај на светот!

Ви откривам трикови со кои вашите природни веѓи конечно ќе станат симетрични.

Зошто природните веѓи се толку различни?

Мимиката на лицето, страната на лицето на која спиеме и развиеноста на мускулите на лицето одредуваат колку нашите веѓи ќе бидат слични или различни. Веѓите се „сестри“, но сигурно не се сестри близначки! Асиметријата може да биде прилично фрустрирачка, особено ако вашите обиди да ги изедначите завршуваат со уште поголем дебакл. Секој потег со пинцета со надеж дека ќе ја поправите работата, веројатно само ќе доведе до нивно истенчување. Ако знаеме дека премногу тенките веѓи никако не се симбол на убавина, на крајот не ви преостанува ништо друго освен да почекате неколку долги недели веѓите да пораснат и да пробате сè од почеток.

асиметрични природни веѓи

Како да ги обликувате веѓите!

За правилно обликување ви требаат ножички и пинцета, а за пополнување молив и маскара за веѓи. Моливот ќе ви овозможи прецизно и поостро исцртување, поради тоа важно е потезите да бидат лесни. Додека линиите што ги имитираат природните влакна треба да бидат што помеки и потенки.

- Реклама -

Со маскарата веѓите ќе изгледаат погусти и ќе бидат јасно дефинирани. Маскарите за веѓи доаѓаат во неколку нијанси и нема да имате проблем да ја пронајдете онаа која најмногу ви одговара. Користете ножички за да ги скратите влакната и да ја изедначите нивната густина. Отстранете го вишокот на влакненца од внатрешниот раб за да ги изедначите хоризонталните линии. Влакната на горниот раб на веѓите не се наменети за кубење, но ако имате потреба да ја поправите формата, користете тример.

Ленирот може да ви ја олесни прецизноста, бидејќи многу е важно да не претерате. Тенките веѓи можат само да ја потенцираат асиметријата, а за да не се случи тоа, пожелно е по неколку потези да се оддалечите од огледалото и да видите како изгледаат веѓите од далечина.

маскара за веѓи

Пополнување на веѓите!

Неопходно е да се примени истата постапка и во оваа фаза, бидејќи огледалото ќе открие која веѓа треба да се „подигне“, а која да се „спушти“. Замислете вертикална линија која го следи почетокот на вашите ноздри и се издигнува кон вашето чело. Ова се местата каде што треба да започнете со исцртување на веѓите. После тоа, обидете се да замислите една хоризонтална линија, а за тоа повторно можете да користите ленир. Со кратки, нежни потези, почнете да ги пополнувате празните делови од веѓите, следејќи го природниот лак и растот на влакната. Прво исцртајте ги влакната што недостасуваат на горниот раб на спуштената веѓа. Потоа преминете на повисоката! Празното поле најверојатно ќе биде на долниот раб, па со пополнување на таа празнина ќе направите веѓите конечно да бидат во иста линија и со иста дебелина.

асиметрични природни веѓи

Техники за трајно исцртување!

Како ќе ги исцртате веѓите зависи исклучиво од обликот на вашето лице. Нивниот „дизајн“ може да направи вашите очи да изгледаат поголеми или лицето потесно, во зависност од тоа што сакате да постигнете. И покрај добрите совети, некои девојки не успеваат да ги средат веѓите. Тие најчесто се одлучуваат за трајно исцртување на веѓите. Тоа гарантира дека ќе имате совршено обликувани веѓи во следните две-три години, но секогаш постои оправдан страв! Што ако не ви се допадне новиот изглед?

Затоа, за да го поправите изгледот на вашите асиметрични природни веѓи подобро е да пробате со молив или маскара за веѓи, кои можете да ги отстранете за секунда.

молив за веѓи

исцртување на веѓи