Конечно се случи она што многу девојки го посакуваа и го очекуваа со нетрпение, Скопје ја доби првата продавница на италијанскиот водечки бренд за козметика Kiko Milano.
View this post on Instagram
Италијанскиот бренд нуди квалитетна понуда на козметички производи!
„Биди тоа што сакаш да бидеш“ е мотото на брендот Kiko Milano, кој во East Gate Mall во Скопје ја отвори првата специјализирана продавница, со палета на производи во кои ќе се заљубат сите дами. Италијанскиот бренд нуди исклучителна и сериозно квалитетна понуда на козметички производи. Од неговото основање во 1997 година важи за омилено катче на девојките низ целиот свет. Целосно посветени на нови и подобрени производи, доаѓањето на Kiko Milano израдува многу дами, кои уживаат во нивните колекции, производи што секогаш раскажуваат посебна приказна.
Сите производи достапни кај нас по супер цени!
Под закрила на модната групација Fashion Group, познатиот козметички бренд ја отвори својата прва продавница која сосема очекувано привлече неверојатно внимание. Она по што овој бренд долги години е познат во Европа е исклучителниот квалитет на производите што го потврдуваат и некои од најпознатите мејкап артисти. Сега сите производи на италијанскиот бренд Kiko Milano се достапни кај нас по супер цени. Сите сме задоволни што повеќе нема да мора да патуваме во некоја од европските метрополи за да може да ги набавиме производите со потпис на Kiko Milano, бидејќи отсега истите се достапни кај нас. Во продавницата на брендот во East Gate Mall може да се најдат повеќе од 2.000 производи кои се како создадени за ве разубават.
Дознајте кои се најпродавани мејкап производи на брендот!
Девојките особено ќе се израдуваат на големиот избор на некои од најпродаваните мејкап производи на брендот како: долготрајните кармини, руменилото во форма на стик, сенките за очи во земјени нијанси, пудрата Second Skin, сјаевите за усни што хидрираат…. Токму убавината на италијанските идилични пејзажи пресликана е преку новата колекција кармини и сјаеви за усни во неодоливи бои.
View this post on Instagram
Уживајте во придобивките на производите за нега на кожа!
Не помалку се привлечни производите за нега на кожата кои важат за едни од омилените на прекрасните Италијанки, а сега можеме да уживаме во придобивките од истите.
Доживеете незаборавно Kiko Milano искуство!
Без разлика дали сакате да го истражите новиот свет на убавината на Kiko Milano, барате совршен производ за нега на вашата кожа или пак сакате да ја направите најмагичната фотографија за на Инстаграм, талентираните и професионално обучени шминкери ќе ви помогнат да ги откриете најновите трендови и да доживеете незаборавно Kiko Milano искуство.