Наследникот на компанијата која има долгогодишна традиција во производство на коњак, станува пионер во промовирање на луксузот. Kilian Hennessy одлучува да ја продолжи семејната традиција. Создавањето на нов луксузен бренд дефинитивно станува предизвик достоен на неговите претходници, сеќавајќи се на успехот на „Angels Share“.
Совршена комбинација помеѓу елеганцијата и бескомпромисниот луксуз!
Kilian, после дипломирањето продолжува да се усовршува под менторство на најголемите парфимери во светот на мирисите. Во тоа време, работи за престижни парфемски куќи како што се Christian Dior, Paco Rabanne, Alexander McQueen и Giorgio Armani.
Во 2007 година, Kilian го лансира својот бренд со идеја, не само да ја рефлектира својата личност, туку и да постигне совршена комбинација помеѓу елеганцијата и бескомпромисниот луксуз. Неговата „еco-luxe“ филозофија е дека секое шише може да се дополни и да се чува во текот на целиот живот и на тој начин се креира помалку отпад, чувајќи ја животната средина. На тој начин брендот е лансиран на самиот врв во светот на парфемите создавајќи свој „niche“ статус.
Во 2017 година се навршија 10 години од постоење на брендот, момент кога Kilian вклучува повеќе од 35 мириси кои се проткајуваат низ повеќе парфеми: „L’ŒuvreNoire“, „Arabian Nights“, „Asian Tales“, „In the Garden of Good & EvilI“, “Addictive State of Mind“.
Како што брендот еволуира, единствен аспект кој останува константен е дека сите производи се ултимативно софистицирани и безвременско луксузни.
Луксузни мирисни колекции!
Брендот ги има следните колекции: L’ŒUVRE NOIRE, IN THE GARDEN OF GOOD AND EVIL ,ADDICTIVE STATE OF MIND, MOONLIGHT IN HEAVEN, CARPE NOCTEM, FROM DUSK TILL DAWN, ARABIAN NIGHTS, ASIAN TALES.
Креаторот за создавањето на парфемите ќе каже:
L’ŒUVRE NOIRE
Ја започнав колекцијата со квази – Фаустов амбиент на ум. Но, исто така, се присетив и на модерните R&B текстови на 50 Cent, Snoop Dogg или Pharrell Wiilliams, текстови кои зборуваат за искушението пред урбаното насилство.
IN THE GARDEN OF GOOD AND EVIL
За мене, мирисната хармонија секогаш почнува со приказна. Во оваа колекција, тоа е мит со изворен грев кој се наоѓа во срцето на нараторот – класична тема чија интерпретација ја нагласува уметноста во секоја форма.
ADDICTIVE STATE OF MIND
Мирисна зависност, есенцијален наркотик, средство за бегство, копнеж.
MOONLIGHT IN HEAVEN
Парфем креиран по примерот на меден месец, инспирацијата за Coffret е добиена од дизајнот на Belle Epoque Jewellery.
CARPE NOCTEM
Оваа колекција креаторот ја дефинира со DARK LORD ‘EX TENEBRIS LUX’, злобна креација на ветивер. Непредвидлив, интензивен и аристократски.
FROM DUSK TILL DAWN ARABIAN NIGHTS
Колекција која е направена во чест на уметникот Klimt и неговата работа со златни текстури.
ARABIAN NIGHTS
Како инспирација за креирање на 5-те мириси во оваа колекција е Блискиот Исток, каде што централната состојка е OUD.
ASIAN TALES
Првенствено е замислено како мирисно патување, но многу брзо потоа станува духовно патување, токму заради значењето на симболите и зборовите кои станаа се позначајни и порелевантни.