- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Floris како кралски бренд симболизира луксуз и ја одразува благородната елеганција на своите мирисни креации. Внимателно ги одбира најквалитетните состојки и ги комбинира со цел да ја изрази приказната која стои зад секоја креација. Floris London е оригинална и автентична куќа на мириси инспирирани од драги места и личности.

Парфем – симбол за сите кои слободно патуваат!

Floris London со своите безвременски и единствени креации ја крие приказната за природата, магијата и алхемијата, а новиот Neroli Voyage парфем, всушност е симбол за сите кои слободно патуваат.

- Реклама -

Ја раскажувам мојата мирисно-патувачка авантура!

Размислувам за патување… пловење со едрилица покрај водена шир, кога сонцето заоѓа во недоглед, капејќи се во бескрајниот хоризонт. Всушност, Neroli Voyage е инспирација за прекрасно патување и доживување… Спомените ми го исполнуваат умот со толку слатка збунетост што полека се предадов на патувањето со Neroli Voyage. Синиот непрегледен воден хоризонт ме исполни со прекрасно чувство – „неопиплив возвишен дух“, за да ја раскажам мојата мирисно-патувачка авантура, за мене вистинско мирисно богатство што љубоморно го сочував за моите спомени.

Само едно прскање…

Само со едно прскање го доживеав прекрасното патување, го почувствував летото на хоризонтот кога акордите на нероли почнаа да се појавуваат. Овој парфем се обиде да изнуди љубов, емоции и страст од мене! Овој парфем со своето мирисно патување тотално ме маѓепса.

Нотите на нероли завиткани во цвеќе од јасмин!

Floris Neroli Voyage… зборувајќи за него! Кај повеќето парфеми нотите на нероли честопати се омекнуваат со послатки или повеќе цветни тонови, но во оваа мирисна креација, акордите на нероли ја водат прекрасната мирисна композиција, заедно со неколку посебни акорди на лимон. Победничката комбинација е во блендот на морските ноти што го прават многу пријатен и посебен! Neroli Voyage има малку повеќе освежувачки ноти, но тој останува прекрасен, вистински парфем со нероли.

Floris Neroli Voyage на првото прскање, пријатен како колонска вода, но кога ќе му дадам одредено време на кожата, Neroli Voyage станува помирен и ароматичен, дозволувајќи му на семето на анасон и нотите на ѓумбир да ја загреат кожата.

Мирисот се отвора со цитрусен излив на нероли и лимон, надополнет со морски ноти за дополнителна свежина што како ветре ја гали кожата. Доминантната арома на нероли продолжува во срцето завиткано во интимно цвеќе од јасмин и оживеано со зачински ноти од ѓумбир и ароматично семе од анасон. Длабочината и сложеноста потекнуваат од основата предизвикана од мирисот на дабово дрво поткрепена со топли, сензуални ноти на мошус и килибар.

Дабовото дрво и килибар во комбинација со зачинските ноти на ѓумбир и јасмин му даваат на овој мирис митско чувство. Водените морски ноти нудат свежина совршена за лето. Овој повеќеслоен парфем ја дефинира сезоната со суптилност.

Романтичен мирис наменет за мажи и жени!

Не е ниту машки, ниту женски – секој може да го носи овој мирис и покрај акордите на јасмин. Neroli Voyage е енергичен, свеж, ароматичен и романтичен мирис наменет за мажи и жени.

Започнете го вашето патување од парфимеријата Anabella Мериот!

Би сакала ова мирисно патување секој да го доживее! Патувањето со Floris Neroli Voyage може да го започнете од парфимеријата Anabella Мериот.