Нормална кожа е далеку најпосакуван тип на кожа за нега и шминка, но во реалноста многу малку жени може да се пофалат со идеална рамнотежа. Многу почесто е сценариото во кое припаѓаме на некој друг, повеќе комплексен тип на кожа, што од нас бара посебни рутини за убавина. Тоа можеби е комбинирана кожа, мрсна или сува, а често зборуваме и за чувствителна кожа, но и за зрела, како типови на кожа на кои треба да ги прилагодуваме бјути производите за да бидеме задоволни со состојбата и изгледот.
Добрата нега дефинитивно е предуслов за добра шминка, па за да постигнеме секој производ совршено да одговара на лицето, прво откријте која препаративна козметика најдобро одговара на вашата кожа и ја чува нахранета и хидрирана. После тоа, време е да изберете подлога-прајмер, што речиси е половина успешна работа кај секој мејкап изглед и со течната пудра, коректорот е неизбежен мејкап производ.
За секој тип на кожа, пронајдете го вашиот идеален коректор!
Со коректорот ќе ги испеглате сите оние мали несовршености кои остануваат видливи по нанесувањето на течната пудра и во зависност од вашиот тип на кожа, треба да изберете коректор. Сувата кожа, како и зрелата кожа најмногу ќе и одговара навлажнувачки коректор и коректор со серум, за комбинирана и мрсна кожа треба да се избегнува формула со масло, но ако ве мачат акни, црвенило и други појави на лицето, ќе ви претставам неколку одлични камуфлажни коректори кои покриваат сè. За секој тип на кожа, пронајдете го вашиот идеален коректор подолу.