Во последниве неколку сезони, се повеќе не интрига концептот „Fragrance Wardrobe“, што во буквален превод би значело гардероба со парфеми. Зад концептот стои идејата дека никој од нас нема само еден омилен парфем, ги имаме повеќе, кои ги менуваме во зависност од расположението и начинот на кој се чувствуваме во определен момент од денот, за посебна прилика или за одредено годишно време. Покрај тоа, постои желба за осмислување на персонална полица со парфеми и стеснување на изборот на оние кои навистина ги користиме и чии мирисни ноти се вистински печат на нашиот стил и нашата личност. Во таа смисла, парфемот стана моден додаток, продолжеток на модата, односно на модните изданијата кои зборуваат многу за нас.
Поради температурите кои полека ќе се зголемуваат и зимските пејзажи кои исчезнуваат, сега е идеално време да се изгради вашиот „Fragrance Wardrobe“ и во пресрет на пролетта во него да вклучите некои нови омилени парфеми прилагодени на новата сезона, која ќе донесе мирис на свежина, но исто така и пролетен стил.
Кои мириси оваа пролет ќе ги одберат модерните жени?
Тие живеат брзо и енергично и денот им е исполнет со голем број на обврски, но и во секојдневниот живот сакаат да изгледаат и да се чувствуваат добро во себе. Парфемот е една точка од која самоуверено се движат во нов ден и некои нови предизвици и омилените мирисни ноти секогаш се придружени со стекнување на нови животни искуства. Токму за современите жени создава Giorgio Armani, кој изминативе неколку години има посветено цела линија на парфеми која го носи симболично името на Sì (Да). ДА за жените кои живеат слободно и храбро, исполнети со љубов кон животот, ДА за идеалистички и решителен став, ДА за неодолива комбинација на грациозност, сила и незадржлив дух.
Ова се карактеристики и квалитети кои ги слави и кои сака во жените да ги разбуди парфемското семејство Sì, промовирано во 2013 година со ултимативната амбасадорка и олицетворение на се од горенаведеното, талентираната и преубава холивудска актерка Cate Blanchett.
Ново продолжение на најубавата мирисна приказна!
По огромниот успех на Armani минатата пролет со впечатливиот и живописен мирис Sì Passione во Eau de Parfum верзија и шишенце во интензивно црвена боја, една година подоцна се отвора ново поглавје во Sì мирисната приказната. Оваа 2019 година ќе помина во знакот на Sì Fiori Eau de Parfuma, кој не привлекува со најубавите цветни ноти со нероли како главна ѕвезда на новата мирисна креација.
Запознаете го Sì Fiori Eau de Parfum!
Од жена за жена, така најдобро може да се опише ова цветно продолжување на Sì приказната, потпишано од страна на талентираната парфимерка Julie Massé. Токму во нејзините раце беше доверено создавањето на Sì Fiori парфемот, реинтерпретирајќи го оригиналниот chypre мирис со додавање на нероли, опојното медитеранско бело цвеќе, што го отвора парфемот и го прави уште повеќе раскошен.
Горните мирисни ноти на зелена мандарина и енергична црна рибизла, препознатливи состојки на сите Sì мириси, стопени се со основните ноти на ванила и бел мошус и даваат грациозна комбинација која истовремено е едноставна и сложена, исто како цветот кој послужи како инспирација.
Уникатно шишенце во знак на пудресто розова боја!
Armani Sì е еден од оние мириси кои не може да се заборави, но не само поради неговите мирисни ноти, но исто така по уникатниот дизајн на шишенцето кое во внатрешноста ги крие овие деликатни и женствени мириси. Легендарниот дизајн не е променет кај Sì Fiori парфемот: со структурни, но едноставни линии и суптилно заоблено дно на шишенцето, го привлекува вниманието со сензуалната форма која се стеснува кон капачето.
Наместо црвена како кај Armani Sì Passione парфемот, која жареше и палеше на социјалните мрежи минатата година, пред нас сега се појавува неверојатно нежна, деликатна и романтична, пудресто розова нијанса, што ја симболизира цветната рапсодија во пролетните денови. Комбинацијата на проѕирно стакло и интензивно црно капаче, новата нуд розова нијанса на шишенцето претставува возбудлива игра помеѓу силата и леснотијата и го наметнува Sì Fiori Eau de Parfum како најпосакуван цветен парфем кој ќе сакате да го пробате оваа пролет. Во него ќе се заљубите, без сомнение, а вашата „Fragrance Wardrobe“ ќе мириса примамливо како никогаш досега.