Новото поглавје на машката мирисна колекција на брендот Issey Miyake е Fusion d’Issey, мирис посветен на мајката природа, мирис кој ве поканува да ја откриете моќта и разновидноста на недопрената природа. Опишан е како минерален парфем кој нуди мирисна композиција преполна со контрасти на ладни и топли ноти. Fusion d’Issey е потпишан од парфимерката Nathalie Lorson.
Силен и свеж како шумско ветре!
Експлозивната свежина од почетокот на композицијата вклучува цитрусни и овошни ароми како што се лимон и слатко кокосово млеко. Ароматичното-зачинско срце е силно и свежо како шумско ветре, кое се меша со сончевата килибарна база и длабоката „вулканска“ нота на пачули.
Сјајно шише во сина боја!
Шишето е изработено од сјајно стакло со длабока сина боја, со натпис Fusion d’Issey во портокалова боја.
Issey Miyake Fusion d’Issey е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.