- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Велат дека светлиот тен е олицетворение на софистицираност и аристократско потекло, но никој не може да го негира фактот дека изгледаме поубаво кога сме исончани. Темниот тен дава нота на свежина и секогаш заводлив – егзотичен изглед што крие слатка доза на мистика.

Како да го одберете вистинскиот бронзер што е најпогоден за вашиот тен и тип на кожа!

Со цел да ги избегнете штетните солариуми и нездравата изложеност на сонце, а сепак да го добиете ефектот на латино убавица, треба само да го изберете најдобриот бронзер или крем за самопотемнување. Вистинскиот трик е да го одберете оној производ што е најпогоден за вашиот тен и тип на кожа.

Бронзерите се високо пигментирани производи кои на лицето му даваат исончан изглед и го стеснуваат обликот на лице. За бронзерите карактеристично е што тие не се разликуваат според типот на кожата. Достапни се во нијанси од средна беж до потполно чоколадна.

По структура разликуваме: компактни бронзери, бронзери во прав, во стик или во спреј.

- Реклама -

Разлика помеѓу бронзер и пудра за контурирање!

Важно е да направите разлика помеѓу термините бронзер и пудра за контурирање на лице.

Бронзери – во себе имаат сјајни честички (shimer) и се наменети да постигнат природно исончан изглед на лицето.

Пудри за контурирање – се со мат текстура и нивната цел е да ги обликуваат и дефинираат контурите на лицето.

Избор на бронзер!

Секогаш треба да се одлучите за бронзер што е најмногу две нијанси потемен од вашата кожа. Неопходно е да обрнете внимание на неговата текстура. Затоа, изберете бронзер во прав или компактен бронзер ако имате нормална или мрсна кожа, а ако вашата кожа е сува, решението е во крем бронзер, пена или во течна форма.

Како и во модата и за бронзерите и самопотемнувачите важи правилото: помалку е подобро! Во никој случај не треба да изгледате како да сте заглавиле во солариум или вашето лице и врат да изгледаат како да не припаѓаат на иста личност.

Нанесување на бронзер!

Обрнете внимание на техниката на нанесување на бронзерот. Се нанесува со нежни движења преку челото, образите и брадата. Многу е важно да имате соодветна квалитетна четка за нанесување. Бронзерите во прав се нанесуваат со четка, додека оние во крем, пена или течна формула може да се нанесат со прсти или сунѓер.

Постигнете природна убавина на вашето лице!

Бидејќи волшебниот, исончан тен не бара многу шминка, ќе имате повеќе време за некои други задоволства, додека околината ќе ужива во вашата природна убавина.