Брендот Kylie Cosmetics лансираше специјална роденденска мејкап колекција, како традиција што Kylie Jenner ја негува секоја година за да го прослави својот роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Темата на овогодишната колекција е 24 каратно злато!

Оваа година, темата на роденденската колекција на Kylie Jenner е 24 каратно злато за симболично да го прослави својот 24ти роденден. Тоа, несомнено е нејзиното најлуксузно издание досега и секој детал изгледа беспрекорно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Cosmetics (@kyliecosmetics)

Kylie со својот стајлинг го „украде“ центарот на вниманието!

За да ја најави колекцијата Kylie позираше во златен мрежест градник и мини здолниште во кое таа изгледаше божествено. Најновата роденденска колекција на Kylie е наменета за мејкап ентузијастите кои не се плашат да го „украдат“ центарот на вниманието.

- Реклама -

Kylie Cosmetics 24K

Многу сум возбудена што можам да ги споделам овие нови производи со вас и знам дека ќе се за заљубите во сите овие нови формули“, вели Kylie, зборувајќи за колекцијата на нејзиниот Инстаграм профил.

Kylie Jenner 24K

Што содржи мејкап колекцијата?

Мејкап колекцијата по повод роденденот на Kylie Jenner вклучува раскошна палета на сенки за очи, хидратантен серум за усни со златни снегулки, тушеви за очи, сет течни кармини за усни, златен хајлајтер во кој е врежан бројот 24, течен хајлајтер за лице и тело за да го постигнете летниот сјај на Kylie и повеќенаменски сјај направен за додавање драма на очните капаци, јаболчниците и усните.

Kylie Cosmetics haiglihter

Kylie Cosmetics palette

eyeliner

lip serum

lip lacquer

body glow

gloss

- Реклама -