- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дознајте кој Olaplex производ е најдобар помеѓу најдобрите!

Постојат многу култни производи за убавина, но за да го постигнат врвот на популарноста тие навистина треба да се докажат. Можеби изгледа дека бјути инфлуенсерите го препорачуваат секој нов производ на кој ќе наидат, но сепак тоа не е случај! Имајќи го тоа на ум, постои еден производ што последниве неколку години успеа да остави впечаток кај бјути ентузијастите. Всушност, остави одличен впечаток кај сите што го пробаа. Во изборот на најпродаваните производи, ова беше убедливо најчесто споменуван козметички производ. Интересно е тоа што ова не е производ на некој козметички гигант, но неговиот успех го прави импресивен.

Olaplex N3 Hair Perfector

За каков третман на коса станува збор?

Големи се шансите дека веќе сте слушнале за Olaplex. Порано тоа беше третман што можевте да го добиете само во фризерски салон, а се користеше за зајакнување и обновување на многу оштетена и обоена коса. Olaplex, денес е еден од најголемите и најпознати независни брендови за нега на коса. Речиси е невозможно да стапнете во фризерски салон без да ви препорачаат третман со Olaplex, особено ако имате избелена или хемиски третирана коса.

hair tretman

- Реклама -

Тоа е збир на третмани и производи кои ги обновуваат прекинатите врски во самото влакно, правејќи ја косата поздрава и посилна. Едноставно кажано, тие имаат моќ целосно да ја трансформираат оштетената коса. Она што е најдобро е тоа што тие се погодни за користење буквално за сите типови на коса. Асортиманот се состои од осум производи, од N°0 до N°7. Производите N°1 и N°2 се достапни само во фризерски салони, а другите производи од третмани и масла до шампони и балсами, можете да ги најдете кај вашиот фризер. Исто така, можете да ги набавите онлајн преку веб-продавница.

products range

Olaplex N°3 Hair Perfector е најдобар помеѓу најдобрите!

Несомнено е дека целата колекција на производи Olaplex го содржат она што ги прави едни од најефикасните производи за нега на коса кои некогаш се создадени, но еден од нив сепак се истакнува повеќе од другите. Olaplex N°3 Hair Perfector убедливо е најпродаваниот производ од сите други. Овој производ има многу свои обожаватели помеѓу познатите фаци. Од Rosie Huntington-Whiteley и Kim Kardashian West до Jennifer Lopez и Gwyneth Paltrow. Сепак, резултатите што можете да ги постигнете со овој производ се заслужни за неговиот успех, а не поради импресивната база на обожаватели.

Olaplex N3 Hair Perfector

Olaplex N°3 Hair Perfector е дизајниран како третман што го нанесувате на вашата коса еднаш или двапати неделно. Но, третманот само со една употреба ја прави вашата коса невозможно мазна. Иако најсоодветен е за оние со екстремно сува и оштетена коса, вистина е дека сите бјути ентузијасти се колнат во совршенството на овој производ, без оглед на состојбата на нивната коса. Ако вашата коса поминува низ агонија, вратете ја во живот со Olaplex N°3 Hair Perfector.

Olaplex N3 Hair Perfector