Kenzo црпеше инспирација од снагата на природата кога ги претставуваше L’Eau Kenzo мирисите. Денес брендот се враќа на изворот на уникатните креации, создавајќи две нови изданија – L’Eau Kenzo Florale за неа и L’Eau Kenzo Boisee за него. Сега, тоалетните води LEau Kenzo се обединети во мирисна колекција родена во желба да се раскаже приказна за вода полна со среќа и живот.
Мирис на водата! L’Eau Kenzo
Смирувачка и неограничена како и самата природа, водата тече слободно. Вечниот извор на животот, без мирис во природата, ја отвора вратата за мирисна имагинација. Kenzo го креираше мирисот на водата L’Eau Kenzo, мирисна креација за жени претставена во 1996 година и за мажи 3 години подоцна.
„Водата нема боја, па сакав вода полна со боја. Со овошје, цвеќиња, свежина и пред се среќа“, објаснува Oliver Cresp, парфимерот кој ги создаде двата брилијантни мириси кои сега се икони. Во L’Eau Kenzo pour Femme, водено-цветен мирис, белиот лотос на површината на водата доминира во композиција од сочна праска додека трепери од ледениот здив на разладено нане. Во создавањето на L’Eau Kenzo pour Home, енергијата од цитрусите се среќава со зелената свежина на лисјата од лотос и моќта на кедарот.
Два нови мириси – L’Eau Kenzo Florale и L’Eau Kenzo Boisee
Kenzo ја збогати својата линија со два нови мириси – L’Eau Kenzo Florale и L’Eau Kenzo Boisee. Инспирирани од младешката енергија натопена со желба за чиста среќа, овие два мириса се обоени во воден свет на свежина и арома. Oliver Cresp ја потпиша LEau Kenzo Florale композицијата, која ја открива својата ароматичност во букет од бели божури и пупки од рози послани на основа од кедар. Florale е свежа и нежна тоалетна вода, обоена со суптилна розова боја, која ја гали кожата.
Aurelien Guichard е парфимерот во чии раце е создаден L’Eau Kenzo Boisee. Мирисот ни подарува чувство кое е засилено со витамински исцеден лимон и зачинет со ѓумбир. Обвиткан во суптилната, мошусна кора од темјан, оваа сончева тоалетна вода доминира со енергија во контакт со кожата.
Шише кое оддава почит на океанот!
Култното кристално шише на секоја LEau Kenzo креација оддава почит на моќта на океанот. Охрабрени од моќта на својата минималистичка вертикалност, неговите органски и брановидни линии доловуваат голем, вртоглав бран во близина на Kanagawa, познат по гравурите на јапонскиот уметник Hokusai.
Посветен на поубав свет, Kenzo дизајнираше шишиња кои содржат 15% рециклирано стакло. Реинтерпретираното пакување од оваа година е чисто бела амбалажа на која дискретно е истакнат воден бран. Смирувачкиот, речиси духовен дизајн е обоен со нијанси на различни мириси – светло сина за L’Eau Kenzo pour Femme, темно сина, длабока како морето за L’Eau Kenzo pour Homme, нежно розова за L’Eau Kenzo Florale и портокалова за L’Eau Kenzo Boisee.