Нежен, но бестрашен, блескав и нескротлив, новиот мирис на колекцијата Flower од брендот Kenzo плени со својата прозрачност и леснотија и инспирира сензуалност. Новата креација се заснова на стилот на популарната колекција лансирана со првото издание во 2000 година, која до денес има добиено разни верзии инспирирани од комбинација на урбаниот живот и недопрената природа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KENZO Parfums (@kenzoparfums)

Цветајте слободно каде и да сте!

Flower by Kenzo Eau de Toilette е потпишан од парфимерот Alberto Morillas, кој овој пат комбинира интензивни цитрусни ноти со лут ѓумбир и цвеќиња, во топла и пријатна основа што предизвикува прекрасна кремаста сладост. Отворањето на композицијата е со сицилијански лимон и мандарина, со овошен допир на личи и лут ѓумбир, проследено со бугарска роза, мимоза и камилица, поставени на основа од килибар, ванила, бел мошус и пачули.

Flower by Kenzo ingredients all

- Реклама -

Flower by Kenzo ingredients

Откријте го новиот блескав цвет со младешки дух!

Новиот Flower by Kenzo Eau de Toilette е блескав мирис со трага која ве обзема. Силен, ослободен цвет кој може да пробие бетон и да внесе воздух со својата магија. Цвет кој ги допира жените. Цвет кој го прави светот поубаво место.

Flower by Kenzo visial

Култното шише во себе содржи цвет од афион!

Култното стаклено шише на мирисната колекција Flower овојпат во себе содржи цвет од афион со нежна боја на кајсија.

Мирисот Flower by Kenzo е достапен во шишиња од 30, 50 и 100 мл како Eau de Toilette.

Flower by Kenzo bottles

- Реклама -

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име