- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

L’Oréal Professionnel одделот за професионални производи на L’Oréal групацијата, во својот богат асортиман посебен акцент посветува на производите дизајнирани да помогнат на оштетената коса и да обезбедат длабинско обновување на косата.

L’Oréal Pro Fiber револуционерни производи

Pro Fiber линијата е најдобрата формула што досега е достапна во делот на обновување на оштетената коса. L’Oréal за линијата Pro Fiber тврди дека производите се револуционерни и нудат долготрајни, обновувачки и заштитни придобивки при нивно користење.

‘Рбетот на Pro Fiber линијата е молекуларниот комплекс Aptyl 100, што е прва технологија во светот која на молекулите им овозможува да останат заглавени во влакното на косата. Aptyl 100 практично помага да се запечати влакното на косата, така што третманот останува во влакното. Ако се погледне скршено влакно од коса под микроскоп, може да се забележат многу празни простори каде што влакното е оштетено. Трикот за поправка на овие оштетени влакна е да се пополнат просторите и да се обнови структурата на косата.

Формулата на L’Oréal користи аминосилан, соединение на силициумот, кое го обновува кортексот, средишниот дел на влакното и ја оживува 3-D мрежата на влакното со зајакнување на структурата на косата. Катјонскиот полимер формира заштитен слој на влакното, за да го заштити од влијанието на сонцето, водата, четкањето и фризерските третмани.

- Реклама -

Три рутини за примена на Pro Fiber

L’Oréal Professionnel Pro Fiber линијата се состои од три рутини, секоја развиена за одредена штета на влакното на косата.

Rectify третманот се применува кога е засегната кутикулата односно надворешниот слој на влакното.

Restore третманот за обнова се користи кога се засегнати кутикулата и кортексот.

Додека Reconstruct третманот се применува каде што кутикулата и кортексот се многу оштетени.

Сите третмани започнуваат со консултација, кога професионално обучен фризер со помош на специјална дигитална апликација го утврдува нивото на оштетување и избра соодветен третман. Секој третман започнува со шампон, проследен со концентрат и маска. Маската е базирана на Aptyl 100 технологијата, што значи дека дури и откако повторно ќе ја измиете косата по неколку дена, останува активен третманот што сте го добиле во фризерскиот салон. Традиционалните третмани за коса би биле измиени со секое следно шампонирање, додека третманите со Pro Fiber може да траат до шест недели. Корисникот треба да користи специјално “надополнување” по секој четврти циклус на шампонирање дома.