Скопје, Bloom Season прекрасната градина со базен, сега украсена со уникатен сетап. Претставувањето на новиот Lust for Sun парфем на niche брендот Juliette has a gun започна. Сонцето е високо на небото. Бојата во базенот е чиста азурна. Обожавателките на Juliette на своите потпетици зачекорија на сцената. Време е за забава! Базенот е нивниот театар каде денес тие ја имаат водечката улога. Нивната модна писта доминира со разиграност и софистицираност. Нивната самодоверба е беспрекорна. Дрски, женствени, провокативни, дури ни фламенгото не може да одолее.
Ех, да можеше сонцето да се „зароби“ во шише, за да трае вечно овој безгрижен ден покрај базенот… Да се нурнеме во него секогаш кога ни треба малку енергија и оптимизам. И еве го!
Стоечки овации до работ на базенот за LUST FOR SUN – нивниот препознатлив мирис. Сензуален парфем кој потсетува на сончеви зраци врз топла, златна кожа.
Вооружени само со својот парфем!
На презентацијата за најновата мирисна креација на брендот Juliette has a gun – Lust for sun, во Bloom Season во Скопје, се приклучија и многу обожавателки на брендот. Juliette has a gun е синоним за женственост – Шекспирова Јулија, на која се гледа како елегантна, модерна, понекогаш слободоумна и понекогаш шармантна жена која ја цени слободата над сè друго. Таа е вооружена само со својот парфем, а овој пат станува збор за мирис кој го „зароби“ летото во шише.
Инспирација на креаторот Romano Ricci
Lust for sun е ода на радоста на летото, парфем кој совршено ги евоцира сончевите зраци и топлината на кожата. Креаторот на мирисот Romano Ricci, овојпат инспирацијата ја најде во прекрасниот амбиент на азурен базен.
„Замислив ново игралиште за нашата Juliette: нејзиниот базен. Магични декорации, каде нашата дива ги поставува правилата и очекува од нејзината придружба да ги исполни сите нејзини желби.
Сите се соодветно облечени, дури и розовото фламинго носи шал додека заедно позираат за селфи. Разиграна слика за ерата во која живееме каде што социјалните мрежи и постојаното инсценирање на нашите животи нè поттикнуваат да бидеме уште поекстравагантни“ – Romano Ricci
Соларен и цветен!
По патеката на Juliette, блескајќи од светлина, милувањето на парфемот не е ништо помалку од галење. Цветен, со ноти , само едно прскање со Lust For Sun ќе ве потопи во летото со сензуален мирис кој потсетува на сончевите зраци на топла и бронзена кожа.
Шишето е совршен одраз на самата Juliette!
Шишето рефлектира жолти нијанси на топло сонце. Засилено со сјајното метално капаче, LUST FOR SUN шишенцето е блескав примерок, совршен одраз на самата Juliette.
Обвиени со Lust for Sun собирате добра енергија околу себе!
Обвиени со новиот мирис Lust for Sun е се што ви треба смело да уживате во фантастичното лето. А Juliette? Сега е екстравагантна дури и кога седи покрај базен со коктел во раката, со магнетна привлечност собирајќи околу себе добра енергија.