- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Juliette Has a Gun го лансира Ego Stratis, модерна колонска вода без пол, цитрусен коктел на водена и мошусна основа.

Juliette Has a Gun Ego Stratis

Не е се како што изгледа…

Со овој мирис Romano Ricci – креаторот на брендот, сакаше да ги долови аспектите на една жена на начин да ги покаже слоевите на нејзиниот карактер.

Ќе ми треба повеќе од цел живот да ја истражам сложеноста на жените. Juliette ја отсликува оваа неодолива потрага за дешифрирање на мистеријата на женственоста. Од самиот почеток, се обидов да ги разоткријам, слој по слој, сите аспекти на жените“.

Juliette Has a Gun

- Реклама -

Со најновата креација сакав да ги обединам сите. Понекогаш фатална жена (Femme Fatale), понекогаш романтична, понекогаш момчешка, Ego Stratis ги опфаќа сите тие противречности додека ги замаглува контрастните премини. Овој мирис, со неговите претежно цитрусни и водни тонови е ода на родовата флуидност. Модерна интерпретација на тоалетна вода, покана за танц со повеќекратните аспекти на сопственото его“. – креаторот на Ego Stratis, парфимерот Romano Ricci

Romano Ricci

Се погледнав во огледало, а ти се појави!

Кога силуетите се споија, ги почувствував нотите од цитрус на твојот врат како се испреплетуваат со моите водни ноти. Аромите на нероли, боровинки и мошус се придружија на танцот, проткајувајќи го воздухот со мистериозен мирис… Го оставив црвениот отпечаток од моите усни на огледалото, пред да се свртам и бакнам за збогум. Додека не се сретнеме повторно!

Juliette Has a Gun Ego Stratis

Ода на родовата флуидност!

Ego Stratis е многу оригинален воден мирис со коктел од освежувачки и енергични цитрусни ноти, врз подлога од морска есенција што трае. Резултатот е современ, речиси унисекс, премногу уникатен за женски парфем.

Juliette Has a Gun Ego Stratis a bottle and package

Унисекс мирис со ноти од цитрус, боровинки, нероли и калоне!

Мирисот се отвора со освежителна и енергична мешавина од мандарина, бергамот и лимон. Срцето на мирисот има морски карактер, главно благодарение на молекулата калоне. Основата содржи мошус, дрвенести ноти и амброксан.

Ego Stratis ingredients

Поразличен од сите досега!

Juliette Has a Gun Ego Stratis својата уникатност ја доловува преку андрогеното шишенце во петролеум сина боја која се прелева. Шишето дополнително е декорирано со метално капаче и сребрено лого.

Ego Stratis a bottle