Еден од најпопуларните производи со потпис на брендот за убавина MAC дефинитивно е Studio Fix течната пудра, а сите обожавателки на овој култен производ ќе ги развесели веста дека легендарниот Studio Fix Powder доаѓа во стик. Пудрата Studio Fix на многумина е омилен мејкап производ затоа што добро ги прекрива неправилностите на лицето, трае долго време и не го создава несаканиот ефект на маска на лицето.
Studio Fix Stick – практичен и лесен за употреба!
За многумина стакленото пакување на Studio Fix течната пудра малку е непрактично за секојдневно носење, како и за патување, па решението за пудра во стик навистина е одлична вест! Популарната пудра Studio Fix сега станува супер практична и лесна за употреба.
View this post on Instagram
Хидрирана кожа и беспрекорен изглед!
Новиот член на семејството Studio Fix е постојан на лицето, а на неправилностите на кожата дава средно покривање, но истовремено ја хидрира кожата и дава беспрекорен изглед. Стик пудрата доаѓа во 33 нијанси, така што секој може да ја пронајде совршената за себе.