- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секоја боја на очите има свои особености, а со цел тие потполно да бидат истакнати и да го направат вашиот поглед уште поубав и предизвикувачки, треба да ја пронајдете нијансата што ви одговара совршено – онаа нијанса на која никој нема да може да одолее!

Црна боја на очите!

Ваква боја на очи ретко се сретнува! Под црни очи всушност подразбираме многу темни кафени очи, оние кои ќе се стопат со бојата на зениците и сјаат како седеф.

За да ги нагласите многу темно кафените очи изберете светли сенки со кои ќе постигнете идеален контраст – беж, песок, зелена и сина…

Smokey eyes ефектот само на надворешната половина од очниот капак!

Smokey eyes ефектот во комбинација со црн туш на очите – секогаш е добар избор за постигнување висок степен на драма, сè додека го нанесувате само на надворешната половина од очниот капак.

- Реклама -

Важно – уредни веѓи, иста боја како косата!

За дамите со црни очи особено е важно веѓите да бидат уредни, а нивната боја да биде прилагодена на бојата на косата.

Која е бојата на вашите очи и како ги истакнувате со помош на шминка? Пишете во коментари!