- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Chanel со задоволство објави дека Marion Cotillard ќе биде лицето на нивната нова кампања за легендарниот парфем Chanel N°5. Ова е првпат оваа холивудска актерка, по потекло од Франција, да учествува во кампања за еден парфеми. Marion Cotillard e верна на брендот Chanel од почетокот на кариерата, а својата лојалност ја покажува со тоа што ги избира токму модните креации на Chanel во кои повеќе пати самоуверено чекореше по црвениот килим.

Награда БАФТА за најдобра актерка!

Marion Cotillard ги допре луѓето низ целиот свет со нејзиното олицетворение на Édith Piaf, освојувајќи награди Оскар, Цезар, Златен глобус и наградата БАФТА за најдобра актерка, а ова меѓународно признание и ја отвори вратата да соработува со најпознати режисери како: Jacques Audiard, James Gray, Christopher Nolan, Ridley Scott, Steven Soderbergh и Leos Carax. Marion Cotillard ги поддржува младите таленти кои ги поттикнува на преземање ризик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CHANEL (@chanelofficial) on

Ја внесува својата елеганција во кампањата и имиџот на Chanel N°5!

Автентична, посветена и дарежлива, Marion Cotillard својата единствена перспектива ја пренесува на филмското платно. Совршено ја отелотворува француската природна убавина и го има оној неодолив „x фактор“ кој е само нејзин и на никој друг. Ја внесува својата елеганција во новата кампања и имиџот на легендарниот N°5 мирис. Несомнено е дека таа ќе ги следи стапките на поранешните амбасадорки како Nicole Kidman, Audrey Tautou, Gisele Bundchen, па дури и Brad Pitt кој беше првиот маж што го претставуваше Chanel N°5 не толку одамна во 2012 година. Најновата кампања за овој иконски парфем сите ја очекуваат со нетрпение.

- Реклама -