Рефлексија на аура на жената која зрачи! Mon Guerlain Sparkling Bouquet

Секогаш своја и никогаш иста, денешната жена е сестрана, комплексна и горда на тоа. Постојано напредувајќи, таа е далеку од клишеа. Во 2017 година, Guerlain создаде интимен миризлив отпечаток за неа, со неповторлив потпис: Mon Guerlain. Оттогаш, оваа мирисна куќа истражува различни аспекти на современиот феминизам.

Инспириран од блескавата радост, Mon Guerlain Sparkling Bouquet  е рефлексија на аурата на жената која зрачи и со својата насмевка го осветлува светот. Со оваа нова креација, Guerlain ја доловува најавтентичната експресија на женственоста: незадржливата љубов кон животот. Блескава среќа. Магичен зрак на жената која сјае и се пренесува на тие околу неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guerlain (@guerlain)

Angelina Jolie – заштитно лице!

Додека силната, слободна и сензуална страна на Angelina Jolie се спои со универзумот во оригиналниот мирис, за оваа креација се откри нова, уште поголема сјајна нејзина страна. Нејзиниот дарежлив дух и многу хуманитарност станаа муза на Mon Guerlain, носејќи моќна надежна порака која зрачи со позитивна енергија која се шири околу неа. Кога таа се смее, целиот свет се смее со неа.

- Реклама -

Mon Guerlain Sparkling Bouquet Angelina Jolie

Чиста и овошна мирисна композиција!

Составот на овој скапоцен мирис е чист и овошен и произлегува од есенцијалните состојки на Mon Guerlain: лаванда, самбак јасмин, ванила и сандалово дрво. Композицијата се отвара со хармоничен акорд на крушка која блеска како неодолива насмевка. Овошните акценти се претопуваат во цветната срцевина каде свежината на лавандата ја најавува светлата и сончева нота на јасмин. Следно се појавува вкусниот мирис на ванила, обележан од дрвенести ноти на сандалово дрво, кои заедно ткаат нежен, сензуален ориентален мирис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guerlain (@guerlain)

Што велат креаторите за Sparkling Bouquet!

Светла верзија на одата на женственоста“ – Thierry Wasser, главен парфимер на Guerlain

Тоа е шербет од крушка и лаванда, кои се топат заедно во топлата ванила“ – Delphine Jelk парфимер на Guerlain

Прекрасно шише за автентичен мирис!

Иконично шише за автентичен мирис. Чисти линии и сензуални бранови кои се стопени хармонично во пакувањето кое е создадено во 1908 година. Идеален симбол на женственоста според Mon Guerlain. Збогатен со нов финиш од блескави кристали, прстенот е во сребрена нијанса кој интензивно ја рефлектира светлината.

Mon Guerlain Sparkling Bouquet bottle

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име