My Factor – Max Factor!
Max Factor или таткото на шминката како што го нарекуваат, е човекот кој уште пред 100 години го создаваше гламурот во Холивуд, трансформирајќи ги во вистински бјути икони жените со кои соработуваше.
My Factor! Производи со кои таа ќе ја истакне својата убавина!
Денес, козметичката куќа Max Factor продолжува во истата насока создавајќи производи за секојдневните потреби на жената, производи со кои таа ќе ја истакне својата убавина и она што го сака на себе.
My Factor! Токму тоа е факторот кој ја прави убава!
Оваа сезона козметичката куќа Max Factor ви ја претставува својата нова кампања која е инспирирана од индивидуалната убавина што секоја жена ја носи во себе. Позади кампањата се крие идејата дека секоја жена е засебна, уникатна сама по себе, секоја жена има детал кој остава најголем впечаток, а токму тоа е факторот кој ја прави убава.
My Factor инспирација! Елена Реи и Антонија Локвенец
Елена Реи и Антонија Локвенец се девојките од кои се црпеше инспирацијата за My Factor. Преку оваа кампања ви ги откриваме нивните фактори и сите трансформации кои Max Factor ги направи во соработка со мејкап артистот Васе Докоски.